Ким и Кортни Кардашијан се степаа, Бритни ја бркала сестра ѝ со нож: Најжестоките ривалства помеѓу познатите браќа и сестри

Лиам и Ноел Галагер

Браќата најпознати како основачи на бендот Oasis завршија и на суд поради нивното ривалство.

По бројните конфликти поврзани со бендот, настапите и заработката, Лиам реши да го тужи брат му Ноел во 2011 година. Според него, Ноел бил виновен за распадот на култниот бенд.

До денес браќата уште не зборуваат еден со друг, а фановите се гневни бидејќи ова значи дека никогаш повторно нема да го видат бендот во оригинален состав. Истовремено, јавноста смета дека и двајцата се неблагодарни и себични.

kim-i-kortni-kardashijan-se-stepaa-britni-ja-brkala-sestra-so-nozh-najzhestokite-rivalstva-pomegju-poznatite-brakja-i-sestri-06.jpg

Џулија Робертс и брат ѝ Ерик

Денес Џулија и нејзиниот брат се во добри односи, но пред неколку години речиси и да не зборуваа еден со друг.

Причината за конфликтот беше битката за старателство на Ерик за неговата ќерка со Кели Канингам – актерката Ема Робертс.

Ерик, кој и самиот е актер, со години имаше проблеми со дрога и алкохол, поради што Џулија Робертс застана на страната Кели. Односно, актерката сакаше Кели да добие старателство над Ема, а не нејзиниот брат.

Ривалството помеѓу Ерик и Џулија траеше 10-тина години. Кога актерката роди близначиња во 2004-та, тие се смирија.

Набрзо потоа, Ерик изјави дека му било јасно колку проблеми им создавал на сите, особено Џулија, и дека направил многу грешки во минатото.

kim-i-kortni-kardashijan-se-stepaa-britni-ja-brkala-sestra-so-nozh-najzhestokite-rivalstva-pomegju-poznatite-brakja-i-sestri07.jpg

Мајкл Џексон и брат му Џермејн

Причината за ова ривалство е само љубомора и ништо друго.

Мајкл Џексон ја почна кариерата како дел од бендот Јackson 5 кој го сочинуваа и неговите браќа, вклучувајќи го Џермејн.

Со текот на времето, Мајкл почна соло кариера и се претвори во најуспешната и најпознатата поп-ѕвезда во светот. Па, наместо да биде среќен за неговиот брат, Џермејн почнал да љубомори, по што тие го заладиле нивниот однос.

kim-i-kortni-kardashijan-se-stepaa-britni-ja-brkala-sestra-so-nozh-najzhestokite-rivalstva-pomegju-poznatite-brakja-i-sestri08.jpg

Актерките Оливија де Хавиланд и Џоан Фонтејн

Иако денес ретко кој се сеќава на овие актерки, нивното ривалство дефинитивно вреди да се спомне.

Оливија и Џоан се сестри, а не зборувале една со друга неверојатни 40 години.

Уште од најрана возраст, двете сестри постојано се натпреварувале за сè и сешто – од момчиња и улоги во филм, до вниманието на нивната мајка која исто така била актерка.

Во 1942 година двете сестри дури се натпреварувале и за Оскар за најдобра актерка. Откако Џоан победила, наводно Оливија не сакала ни да ѝ честита.

Тогаш тие драстично го заладиле односот, но нештата станале уште полоши по смртта на нивната мајка.

Според Џоан, Оливија не ни ѝ кажала дека нивната мајка починала. На ова, Оливија изјавила дека Џоан секако немала да дојде на погребот, па не ни требало да знае.

По овој настан, сестрите не зборувале една со друга цели 40 години, односно до смртта на Џоан во 2013 година.

kim-i-kortni-kardashijan-se-stepaa-britni-ja-brkala-sestra-so-nozh-najzhestokite-rivalstva-pomegju-poznatite-brakja-i-sestri-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg