Синот на Бекамови, Ромео (19), ужива со девојката на нивната 6 милионска јахта – тато Дејвид не се двои од него (фото)
- Детали
- петок, 08 април 2022
19-годишниот Ромео, средниот син на Бекамови ја живее лудата љубов со Миа Реган – парот ужива на јахтата од 6.5 милиони долари, додека Дејвид не ги испушта од вид, а мама Викторија изгледа се спрема за свадбата на големиот син.
Ромео Бекам и Миа Реган се заедно од 2019-та година, а и покрај тоа што се помлади, нивната врска изгледа прилично сериозно.
Тие го издржаа тестот на карантинот и пандемијата, a многумина нивната љубов ја споредуваат со онаа на Дејвид и Викторија во младоста.
Сега парот заедно ужива во Мајами на јахтата на Бекамови, додека семејството се подготвува за голем ден – свадбата на најстариот син Бруклин.
Прочитајте повеќе: Детали за свадбата на Бруклин Бекам: Старосватица ќе биде бабата на Никола, младоженецот ќе носи еврејско капче
Ромео беше забележан како разменува нежности со Миа додека се сончаат, а Дејвид (46) ги придружуваше на јахтата со пријатели.
19-годишниот фудбалер и модел беше во друштво на татко му, но сепак искористи момент „насамо“ за него и Миа:
М. М. | Црнобело