„Леброн Џејмс расплака 13-годишно девојче“ – Луѓе кои имале непријатни средби со познати личности
- Детали
- недела, 10 април 2022
„13-годишно девојче го замоли Леброн Џејмс да се фотографираат. Тој се налути, ѝ рече дека не вреди да се фотографира со неа. Девојчето се расплака, а тој си замина“.
Без разлика дали бидејќи имале лош ден или затоа што навистина се ужасни личности, многу фанови имале непријатни средби со нивните омилени актери, музичари и спортисти.
Некогаш познатите личности се неучтиви, некогаш не оставаат бакшиш без разлика што платиле огромна сметка во ресторан, а некогаш претеруваат со нивните барања.
Неколку луѓе ги споделуваат нивните непријатни средби со познати личности:
„Опра не ми даде никаков бакшиш откако плати 200 долари за еден оброк. Наместо тоа, се потпиша на една салфета и се однесуваше како да ми направила услуга со тоа.
Најлошото од сè е тоа што кога влезе Опра, ми рекоа да ја служам само неа и ми ги зедоа другите маси. Па, заработив само осум долари за два часа и за привилегијата да ја служам Опра, а на крај добив и автограм што не го побарав“.
„Немам сретнато многу познати личности, но работев во хотел во којшто отседнуваше Лени Кравиц. Кога дојде ги натера вработените да потпишат согласност дека нема да му зборуваат ниту да го погледнат додека е во хотелот“.
„Татко ми е пилот и редовно сретнува познати личности. Неколкупати ми има кажано дека Никол Кидман и Кит Урбан се неверојатно дрски кон нивните вработени. Нивните лични асистенти биле преплашени од нив“.
„Кога имав 10 години го сретнав Вилијам Шатнер и ми рече дека ќе ми даде автограм. Ми рече ’Чекај да земам пенкало од автомобилот', влезе внатре и си замина“.
„Со ќерка ми налетавме на Леброн Џејмс во продавница. 13-годишно девојче го замоли да се фотографираат, а тој се налути, ѝ рече дека не вредело да се фотографира со неа и дека немал време за тоа. Девојчето се расплака и тој си замина“.
„Работев на детски камп каде што беа и децата на Гвинет Палтроу. Платата ни беше 5 долари на час. Обично сите родители ни даваа бакшиш од 100 долари и повеќе, но Гвинет не ни даде ни долар“.
„Го сретнав Ед Вествик од Gossip Girl на музички концерт. Никогаш не сум ја гледала серијата, но го препознав. Само ми го зеде парчето пица од раката, гризна од него, го плукна залакот и ми ја врати пицата“.
„Еднаш работев за Ники Минаж на снимање и сите ми рекоа никако да не гледам во неа. Исто така, тераше некои луѓе да излегуваат од просторијата пред таа да влезе внатре“.
„Пирс Броснан. Го видов како го ставаше пазарлакот во неговиот автомобил и му пријдов. Само му реков дека сум голем фан – не му побарав ни автограм ни фотографија. Тој влезе во автомобилот, ме опцу и си замина. Можеби погрешив, но навистина бев возбуден“.
Спирова С. | Црнобело