Брус Вилис ќе се пензионира по дијагнозата - има болест што ја уништува способноста за говор и го оштетува мозокот
Актерот имал тешкотии уште во 2019 година, додека работел на филмот Glass. Друг извор тврди дека користел слушалки за суфлирање и во 2015 година кога се појавил во театарска претстава на Бродвеј.
Изминативе година-две актерот најмногу време минува во Лос Анџелес каде што неговите ќерки, сопругата и поранешната сопруга се грижат за него.
Брус Вилис е одличен актер со импресивна кариера, но во последно време сите забележуваат дека прави сè полоши филмови.
Поради ова, актерот доби своја категорија за Златна малина – еден вид пародија на Оскарите, односно награда за најлошите филмови.
Во 2021 година актерот се појави во осум филмови кои добија номинација за Златна малина, па организаторите сакаа да се пошегуваат за тоа и ја претставија категоријата „Најлошата изведба на Брус Вилис во 2021-ва“.
Сепак, по изјавата на неговото семејство за болестa, организаторите ја покажаа нивната поддршка истакнувајќи дека разбираат зошто актерот одлучил да сними осум филмови во една година.
„Длабоко жалиме за состојбата на Брус Вилис. Можеби тоа објаснува зошто сакаше да ја заврши 2021-ва спектакуларно. Им посакуваме сè најдобро на Брус и неговото семејство. Да нагласиме дека слушнавме за дијагнозата на Вилис исто како и сите вие… ова утро“.
Со пензионирањето, Брус Вилис ќе ѝ стави крај на кариерата која траеше неколку децении и која му донесе Златен глобус и две Еми награди.
Актерот се има појавено во бројни култни филмови, вклучувајќи ги Pulp Fiction, 12 Monkeys и Die Hard, a има гостувано и во неколку серии, како популарната Friends.
Според Variety, филмовите на Брус Вилис заедно имаат заработено над 5 милијарди долари ширум целиот свет.
Спирова С. | Црнобело