Гледал како татко му ја тепа мајка му, со години трпи шеги за Џејда - зошто Вил Смит изгуби контрола на Оскарите?

Вил Смит имал доста трауматично детство, а со Џејда со години трпат шеги од комичарите – можеби сето ова е причина за инцидентот на Оскарите. Но, актерот самиот се има шегувано за маж со алопеција, а и ова не е првпат да удри некој на важен настан.

FotoJet (12)_400xima-udreno-drug-komichar-kris-rok-so-godini-se-sheguval-za-dzhejda-zoshto-vil-smit-izgubi-kontrola-na-oskarite180.jpg-01.jpg

Јавноста е поделена околу тоа дали однесувањето на Вил Смит на овогодишните Оскари беше оправдано. Додека некои велат дека шлаканицата е заслужена бидејќи Крис Рок се шегуваше за болест, други сметаат дека иако шегата е невкусна, насилството не треба да биде решение.

Истовремено, некои извори тврдат дека тогаш Крис Рок не ни знаел дека Џејда има алопеција, па треба да му се прости за недоличната шега.

sakal-da-go-ubie-tatko-mu-kris-rok-so-godini-se-sheguval-za-dzhejda-zoshto-vil-smit-izgubi-kontrola-na-oskarite-02.jpg

Но, изгледа актерот извесен период го „собирал“ гневот, не само кон Крис Рок, туку и кон други комичари, па на Оскарите ситуацијата ескалирала.

Во 2016 година, повторно на Оскарите, Крис Рок кажа шега за Џејда. Таа година, сопругата на Вил Смит го бојкотираше настанот бидејќи во номинираните речиси и да немаше Афроамериканци и луѓе кои не се од белата раса.

Друга причина за бојкотот на Џејда беше тоа што Вил Смит не доби номинација за улогата во филмот Concussion.

sakal-da-go-ubie-tatko-mu-kris-rok-so-godini-se-sheguval-za-dzhejda-zoshto-vil-smit-izgubi-kontrola-na-oskarite-03.jpg

Крис Рок беше водител на настанот, кога се пошегува за одлуката за бојкот на Џејда.

„Џејда се налути, Вил се налути, сите се налутија. Знаете, Џејда кажа дека нема да доаѓа вечерва бидејќи протестира. Си помислив, зарем таа не глуми во серија? Ќе ги бојкотира Оскарите? Јас не би одбил таква покана“.

Комичарот кажа и шега со која суптилно сакаше да истакне дека Вил нема зошто да се жали бидејќи е еден од најдобро платените актери.

„Не е фер што Вил е толку добар, а не доби номинација. Исто така не е фер што Вил доби 20 милиони долари за улогата во Wild Wild West“.

sakal-da-go-ubie-tatko-mu-kris-rok-so-godini-se-sheguval-za-dzhejda-zoshto-vil-smit-izgubi-kontrola-na-oskarite-04.jpg

Според некои извори, комичарот неколкупати кажувал шеги за Џејда и Вил и на неговите стенд-ап шоуа низ САД. Откако, пак, парот откри дека има отворен брак, многу комичари си дадоа слобода да се шегуваат за тоа.

На пример, на BAFTA наградите годинава, Ребел Вилсон изјави:

„Најдобрата изведба на Вил Смит од минатата година е глумењето дека не му пречат сите дечковци на нејзината сопруга“.

sakal-da-go-ubie-tatko-mu-kris-rok-so-godini-se-sheguval-za-dzhejda-zoshto-vil-smit-izgubi-kontrola-na-oskarite-05.jpg

Пред две години, пак, кога Вил Смит ѝ го честита роденденот на поранешната сопруга на Твитер, Крис Рок се пошегува во коментарите:

„Твојата сопруга покажува многу разбирање“.

sakal-da-go-ubie-tatko-mu-kris-rok-so-godini-se-sheguval-za-dzhejda-zoshto-vil-smit-izgubi-kontrola-na-oskarite-06.jpg

Некои сметаат дека покрај бројните невкусни шеги, голем удел во гневниот испад на Вил има неговото мрачно минато.

Во автобиографијата што ја објави во ноември 2021 година, Вил откри дека многупати сведочел на насилството што го трпела мајка му од неговиот татко.

„Кога имав девет години, видов како татко ми ја удри мајка ми толку силно, што таа изгуби свест. Видов како плука крв. Мислам дека тој момент ме дефинираше како личност“.

sakal-da-go-ubie-tatko-mu-kris-rok-so-godini-se-sheguval-za-dzhejda-zoshto-vil-smit-izgubi-kontrola-na-oskarite-07.jpg

Актерот вели дека покрај насилството, голема траума му оставила неговата неспособност да ѝ помогне на мајка си.

„Во сè што правам оттогаш – наградите, вниманието, шегите – има суптилно извинување до мајка ми поради тоа што не направив ништо. Поради тоа што не се соочив со татко ми. Поради тоа што бев кукавица“.

Вил до толку го мразел татко му, што на мигови помислувал и да го убие. Па, кога ќе се земе предвид сето ова, можеби станува јасно зошто на актерот му било тешко да се контролира кога неговата сопруга беше „нападната“.

sakal-da-go-ubie-tatko-mu-kris-rok-so-godini-se-sheguval-za-dzhejda-zoshto-vil-smit-izgubi-kontrola-na-oskarite-08.jpg

Сепак, некои уште го критикуваат неговото однесување на Оскарите, истакнувајќи дека тој самиот се шегувал на сметка на маж со алопеција во 1991 година.

На Твитер беше споделено видео од интервју во 1991-ва, каде што Вил Смит се шегува за басистот Џон Вилијамс кој исто како Џејда ја изгубил косата од алопеција.

„Басистот има правило – секој ден мора да си стави восок на главата. Тоа е правило“, вели актерот во видеото.

Откако сфаќа дека публиката не се смее како што очекувал, актерот додава дека тоа било само шега.

https://www.youtube.com/watch?v=pQVAqgJrrNU

Истовремено, кратко по Оскарите се прослави и друго видео на кое се гледа како актерот удира маж на премиерата на Men in Black III.

На видеото од 2012 година се гледа комичар од Украина кој се преправа дека е репортер. Наводно, комичарот честопати ја преминувал границата во неговите шеги, па дури бил и уапсен поради ова, па за некои оваа шлаканица на Вил е оправдана.

Додека Вил се поздравува со комичарот, тој го прегрнува и го бакнува. Вил веднаш го оттргнува од себе и на крај му удира шлаканица.

Што мислите вие за инцидентот на Оскарите? Дали однесувањето на Вил е оправдано или сепак требало да го реши проблемот со комичарот на посмирен начин?

Прочитајте повеќе: Со сопругата имаат отворен брак, израснал со насилен татко – Факти за Вил Смит

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg