Алиша Кис го крие стомачето со бикини со висок струк - природна убавица без грам шминка на плажа (фото)
- Детали
- среда, 30 март 2022
На одморот во Мексико Алиша Кис покажа дека е во одлична форма на 43-годишна возраст и по две бремености. Таа е одличен пример за сите девојки и жени бидејќи ја истакнува природната убавина и преферира да не носи шминка дури и на важни настани.
Алиша Кис отсекогаш негувала поприроден изглед, а од 2016 година речиси целосно се откажа од шминката.
Поради ова, пејачката често се појавува на важни настани без шминка и покажува дека секоја жена е прекрасна и во најприродно издание.
Алиша е мајка на две деца и на 43-годишна возраст не се плаши да го покаже телото и лицето во наприродно издание.
Музичката ѕвезда периодов е на одмор во Мексико со нејзиниот сопруг и нивните синови.
Семејството уживаше во сончевиот ден, а поголемиот дел од времето Алиша си играше со нејзините деца.
Пејачката носеше бикини со црвена нијанса, а косата ѝ беше собрана во неколку плетенки.
Сопругот, со кого е заедно од 2010 година, носеше сини шорцеви и бела маица.
Како што напоменавме, веќе неколку години Алиша скоро никогаш не носи шминка. Единствено може да се појави на важен настан со маскара или суптилно нанесен туш за очи, но генерално се потпира на нејзината природна убавина.
Сепак, пејачката истакнува дека нема ништо против шминката, единствено одлучила дека за неа е најдобро да престане да ја користи толку често.
Алиша сподели дека се откажува од шминката во 2016 година, а ја откри и причината:
„Повеќе не сакам да се покривам. Ни моето лице, ни мојот ум, ни мојата душа, ни моите мисли, ни моите соништа. Ништо“.
Пејачката признава дека откако престанала да користи шминка води подобра грижа за негата на лицето и наводно продуктите што ги користи чинат вкупно повеќе од 450 долари.
Алиша неколкупати беше критикувана затоа што се појавила на црвениот тепих со маскара по одлуката да престане да се шминка, за што само изјави:
„Јас не сум роб на шминката. Но јас не сум роб ни на некористењето шминка. Можам да одберам дали ќе ставам шминка или не. Тоа е мое право“.
Генерално, Алиша сака да покаже дека секоја жена може да носи шминка доколку сака, но и дека не треба да се чувствува обврзана секојдневно да го покрива лицето со пудра, маскара и што уште не.
Алиша ја цени природната убавина и дефинитивно е одличен пример за сите девојки и жени.
Спирова С. | Црнобело