Мајката на Џиџи и Бела Хадид критикувана: „Не им дава да јадат, дозволила Бела да направи пластична операција на 14 години“

По искреното интервју за Vogue во кое Бела Хадид откри дека се чувствувала како „погрдата сестра“ и направила пластична операција на носот на само 14 години, сестра ѝ Џиџи беше „уловена“ во Њујорк непрепознатлива, но во одлично расположение, додека мајката на моделите е остро критикувана за воспитувањето на ќерките.

majkata-na-dzhidzhi-i-bela-hadid-kritikuvana-ne-im-dava-da-jadat-dozvolila-bela-da-napravi-plastichna-operacija-na-14-godini-001.jpg

Во интервју за Vogue, Бела Хадид конечно „призна“ дека направила пластична операција на носот. Иако уште од почетокот на нејзината кариера постоеја шпекулации дека 25-годишниот модел има корекции на лицето, таа ги негираше.

bella-hadid-before-and-after-3.jpg

Во интервјуто, Бела откри дека секогаш се споредувале со Џиџи и постојано се чувствувала како „погрдата сестра“, самодовербата ѝ била срушена, а сето ова ја натерало да си направи операција.

„Јас бев погрдата сестра. Јас бев бринетата. Не бев забавна и отворена како Џиџи... Луѓето навистина го кажуваа тоа за мене. И, за жал, кога ќе ви кажат нешто такво многупати, почнувате да верувате во тоа. Секогаш се чувствував како да морам да се подобрам“.

ne-im-davala-da-jadat-dozvolila-na-bela-da-napravi-plastichna-operacija-na-14-godini-majkata-na-dzhidzhi-i-bela-hadid-kritikuvana-11.jpg

Бела вели и дека сега жали за операцијата - „Сега посакувам да го зачував носот од моите предци“.

Сестра ѝ Џиџи уште се нема огласено во врска со емотивното интервју, но речиси веднаш откако беше објавено, беше забележана во Њујорк.

ne-im-davala-da-jadat-dozvolila-na-bela-da-napravi-plastichna-operacija-na-14-godini-majkata-na-dzhidzhi-i-bela-hadid-kritikuvana-09.jpg

26-годишниот модел изгледаше речиси непрепознатливо, но е повеќе од очигледно дека е во одлично расположение.

ne-im-davala-da-jadat-dozvolila-na-bela-da-napravi-plastichna-operacija-na-14-godini-majkata-na-dzhidzhi-i-bela-hadid-kritikuvana-08.jpg

ne-im-davala-da-jadat-dozvolila-na-bela-da-napravi-plastichna-operacija-na-14-godini-majkata-na-dzhidzhi-i-bela-hadid-kritikuvana-10.jpg

Џиџи неодамна се раздели од момчето Зејн Малик со кого има едно дете. Тие не откриваат детали за нивната разделба, но според гласините ситуацијата ескалирала кога младиот пејач ја удрил мајката на Џиџи – Јоланда.

Јоланда, пак, се најде на мета на критики поради интервјуто на другата ќерка. Јавноста остро ја осуди бидејќи ѝ дозволила да си направи пластична операција на Бела на 14 години.

ne-im-davala-da-jadat-dozvolila-na-bela-da-napravi-plastichna-operacija-na-14-godini-majkata-na-dzhidzhi-i-bela-hadid-kritikuvana-03.jpg

И 58-годишната Јоланда нема изјавено ништо во врска со интервјуто на Џиџи, но и таа беше забележана на улиците низ Њујорк кратко по објавувањето.

ne-im-davala-da-jadat-dozvolila-na-bela-da-napravi-plastichna-operacija-na-14-godini-majkata-na-dzhidzhi-i-bela-hadid-kritikuvana-06.jpg

ne-im-davala-da-jadat-dozvolila-na-bela-da-napravi-plastichna-operacija-na-14-godini-majkata-na-dzhidzhi-i-bela-hadid-kritikuvana-07.jpg

Дел од фановите на Бела се убедени дека Јоланда е таа која го критикувала нејзиниот изглед.

Исто така, јавноста почна да се присетува на детството на Џиџи и Бела, истакнувајќи го нејзиниот токсичен начин на воспитување. 

„Сакате да се обложиме дека Јоланда најмногу го критикувала носот на Бела?“

„Ниту едно 14-годишно дете не сака да направи пластична операција, освен ако не му зборувале многупати за некоја карактеристика до тој степен, што тоа станува несигурно“.

„14 години се малку за пластична операција. Јоланда никогаш не требало да ама деца!“

ne-im-davala-da-jadat-dozvolila-na-bela-da-napravi-plastichna-operacija-na-14-godini-majkata-na-dzhidzhi-i-bela-hadid-kritikuvana-05.jpg

„Бела имала 14 години кога ја направила операцијата. Јоланда е најзлобниот човек“.

„Нејзиното лице уште не е созреано, а ти си дозволила да оди под нож?!“

Јоланда и самата беше модел во младоста, а за неа е добро познато дека ги учела ќерките да направат сè за да успеат во модната индустрија.

Па, ова не е првпат да се соочи со критики поради нездравиот однос со Џиџи и Бела.

Јоланда самата откри дека ги учела ќерките да држат диети уште кога биле малолетни, а не им дозволувала да играат одбојка за да немаат мускулесто тело.

ne-im-davala-da-jadat-dozvolila-na-bela-da-napravi-plastichna-operacija-na-14-godini-majkata-na-dzhidzhi-i-bela-hadid-kritikuvana-04.jpg

Јоланда беше дел од ријалити шоу каде се појавија и нејзините ќерки, а нејзиниот однос кон Џиџи и Бела беше осуден од јавноста.

Во една од сцените во шоуто, Џиџи вели дека едвај чека да јаде нездрава храна, по што Јоланда ѝ вели:

„Можеш една вечер да јадеш лоша храна. Потоа мораш да ѝ се вратиш на диетата. Знаеш, Париз и Милано сакаат слабички девојки“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg