Беше алкохоличар, си ја уништи кариерата и се разведе – Како Бен Афлек си го среди животот пред да се смири со Џеј Ло?
-->
Во 2020-та година Бен имаше интервју во кое тврдеше дека најмногу жали за разводот со Џенифер Гарнер. Тој рече дека се срами и дека чувствува дека направил работи за кои жали, но „дека научил како да се подигне, да научи од минатото и да оди напред“.
По излегувањето од рехабилитација Бен сериозно се посвети на обновување на филмската кариера и на поправање на сопствениот имиџ. Во 2019-та година, излезе трејлерот за неговиот прв филм по рехабилитацијата Tripple Frontier.
Тој отворено говореше за борбата со зависностите, па во една прилика јавно кажа дека не сака неговите деца да се плашат од него затоа што има проблеми со алкохолизмот. По последната рехабилитација, Бен редовно е фотографиран како се шета со децата.
-->
Откако целосно го промени животот, во април 2021-ва година веќе почнаа да кружат првите гласини дека 17 години откако раскинаа Џенифер Лопез и Бен Афлек се повторно заедно.
По ова следеше шокантна изјава од актерот кој рече дека ако останел во брак со својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер дека најверојатно ќе продолжел да консумира алкохол. Оваа изјава брзо беше осудена од голем број корисници на социјалните мрежи.
Сега Бен и Џеј Ло се вљубени еден во друг и се максимална поддршка еден за друг. Освен што постојано се на мета на папарците кои ги фотографираат додека се на улица, Бен и Џеј Ло често објавуваат фотографии еден од друг.
Прочитајте и Бен Афлек со искрена исповед за алкохолизмот: „Се срамам од минатото“
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа
Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави
Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о...
Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото
„Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Бен Афлек ја изневерувал, ја демнел маж со психички проблеми – Тажни детали од животот на Џенифер Га...
Во период од неколку години, маж ја демнел Џенифер Гарнер, и покрај тоа што доби...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ...
„Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
-->