Ѕвездите во црна облека на BAFTA наградите за поддршка на Украина + дечкото на Лејди Гага доби „златен градник“ за најдобра придружба (фото)
- Детали
- понеделник, 14 март 2022
Поради моменталната ситуација во Украина, поголемиот дел од ѕвездите кои присуствуваа на доделувањето на BAFTA наградите го заменија гламурот со поскромни комбинации во кои доминираше црната боја.
Иако не очекуваме гламур како на Оскарите, и доделувањето на BAFTA наградите е важен настан во филмската индустрија каде што ѕвездите се претставуваат во најдоброто светло.
Сепак, годинава впечатливите комбинации беа заменети со поскромни парчиња облека.
Според гласините, ѕвездите биле советувани да се „облечат посоодветно“ поради моментална ситуација Украина.
„Некои поискусни шоу-бизнис агенти ги советуваа ѕвездите да се облечат поскромно, плашејќи се од фустани и костими кои ќе привлечат внимание и ќе изгледаат невкусно среде конфликтот со Украина.
Последното нешто што го сакаат е фустан од месо како на Лејди Гага или што било контроверзно“, тврди извор на The Sun.
Скоро сите актери, модели, режисери и други познати личности носат генерално едноставни комбинации, а според некои извори, поголемиот дел од ѕвездите самите се договориле да се појават во црна или темна облека.
Па, на црвениот тепих дефинитивно доминираа темните нијанси.
Прва на црвениот тепих се појави Наоми Кемпбел во долг црн фустан со долги широки ракави, за кој не доби најдобри комплименти.
Со критики се соочи и Ема Вотсон поради белата боја што доминираше во нејзината комбинација, a можеби најмногу внимание привлече Лејди Гага со елегантниот фустан со длабоко деколте.
Како што напоменавме, повеќето ѕвезди се појавија во црни комбинации, а голем дел од нив носеа и значки со боите на украинското знаме.
Водителка на настанот беше актерката Ребел Вилсон, која ја искористи можноста да ја покаже оригиналната смисла за хумор.
Покрај филмските награди, Ребел на шега одлучи да додели и нејзини измислени награди бидејќи сакала сите да се чувствуваат како победници.
Покрај наградите за „личност која ѝ го избегнува погледот“ и „личност која би му била најпривлечна на Леонардо ди Каприо“, таа додели и награда за „најдобра придружба на позната личност“. А, наместо статуетка, добитниците добиваа „златни градници“.
Ребел му ја додели „наградата“ на момчето на Лејди Гага – Мајкл Полански.
„Ти ли си придружбата на Лејди Гага? Тоа е одлична улога!“ – изјави актерката пред да му го даде златниот градник на Мајкл.
Додека тој не изгледаше многу импресиониран, Лејди Гага не можеше да се воздржи од смеење.
Во продолжение, како изгледаа ѕвездите на црвениот тепих на BAFTA наградите?
Спирова С. | Црнобело