Најскапиот имот на светот
- Детали
- петок, 05 август 2011
Ранчот во близина на гратчето Џексон Хол во американската држава Вајоминг е понуден на пазарот по цена од $175.000.000 долари. Најскапата куќа на светот...
...и земјата околу неа изненадуваат со големината.
Ранчот е сместен во долина, со поглед на планини, недалеку од гратчето Џексон. Завзема површина од речиси 2.000 хектари на кои се наоѓа релативно мала, но дизајнерски осмислена дрвена куќа, потоа штали кои ги дизајнирал Џонатан Фути за 52 коњи и говеда.
Ранчот "Jackson Land & Cattle" во последните четири години се прослави како врвен центар за одгледување на расни коњи кои се натпреваруваат на типично американски каубојски натпревари.
Куќата има само три спални соби и два посебни стана за вработените кои се одвоени од главната куќа.
Погледнете како изгледа овој ранч.