Камерон Дијаз (49) го напушти Холивуд за да биде мајка и домаќинка: „Не се грижам за изгледот, не го мијам лицето“
- Детали
- среда, 09 март 2022
„Сега треба да живеам до 107 години“ – велеше на шега актерката Камерон Дијаз во 2020-та година кога на 48 години стана мајка за првпат. Таа го напушти Холивуд за да биде мајка и домаќинка, а сега говори за тоа како животот ѝ се променил во целост.
Камерон Дијаз (49) беше една од најпознатите актерки во Холивуд до 2015-та година, кога одлучи да се откаже од филмската кариера.
Таа стапи во брак со рокерот Бенџи Маден (42), а во јануари 2020-та година стана мајка за првпат и ја роди ќерката Радикс.
Камерон е една од ретките познати актерки што одлучи да се откаже од славата и кариерата и се посвети на тоа да биде мајка и домаќинка.
Седум години по последното појавување во филм, таа даде интервју во кое говореше за тоа колку ѝ се променил животот.
Поранешната актерка гостуваше во поткастот на Мишел Визаж на BBC, а вели дека одлуката да ја напушти кариерата ја донела откако почнала да се чувствува целосно потрошено заради барањата што Холивуд ѝ ги поставувал:
„За луѓето Холивуд е стапица. Повторно се враќаме на таа стапица во нашето општество, во однос на тоа што се вистински вредности, за тоа што сметаме дека е важно…
Ако ви е вам важно, тогаш е во ред. Никој не треба да ве осудува, ако тоа навистина ви дава сила да станете наутро и ви треба вам, тогаш е супер.
Јас лично, кога ќе се сетам на мојата позиција во Холивуд, сметам дека во целост се потрошив. Се чувствував дека сум постигнала сè, но го немав постигнато тоа што го правам сега.
Да бидам во здрава врска што ми помага да созреам, да имам партнер со кого ќе го поминам и најлошото и кој ќе ме сака и во моментите кога не сум убава и со кој постојано ќе растам и заедно ќе градиме живот“ – вели таа.
Камерон во интервјуто вели дека и таа слично како и другите жени често има проблем со самодовербата и дека е загрижена за сопствениот изглед.
„Дефинитивно и јас во одредени периоди сум била жртва на сите општествени објективизирања и експлоатирања на кои се жртви сите жени.
Навистина е тешко да не потпаднете под влијание, тешко е да не се погледнете себеси и да не се споредувате себеси со туѓите примери за убавина и мислам дека во последните осум години сум како… како диво животно, како ѕвер“ – вели таа.
Актерката се насмеа и рече дека тоа што ја напуштила кариерата ѝ помогнало во целост да престане да се грижи за сопствениот изглед.
„Не ми е грижа воопшто, не ни помислувам како изгледам. Воопшто не правам ништо.
Не го мијам лицето воопшто. Имам милион производи што не ги користам“ – вели таа.
Актерката која стана мајка во 2020-та година за првпат на шега изјави дека сега ќе треба да живее до 107 години за да биде тука за нејзиното дете во сите најважни моменти.
Таа на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии и видеа од нејзиниот нов живот.
Погледнете дел од нив:
Б. С. Б. | Црнобело