Не е опседната со вежбање како колешките: Мајли Сајрус (29) во монокини на одмор со дечкото (23)
- Детали
- среда, 02 март 2022
Мајли Сајрус на одмор во Мексико со 6 години помладото момче ужива во релаксирано издание, сосема поинакво од нејзините сценски појавувања. Таа дефинитивно го преболе актерот Лиам Хемсворт со кого беше една деценија во врска и 8 месеци во брак, по него имаше низа врски со момци и девојки.
Мајли Сајрус (29) беше фотографирана за време на одморот во Мексико со нејзиното ново момче, музичарот Макс Морандо (23).
Во црно монокини, Мајли е сосема природна, без шминка на себе.
Мајли за првпат беше поврзана со тапанарот Морандо во јули 2021, а во ноември пак се појавија заедно на модното шоу Gucci Love Parade.
Таа беше во брак со актерот Лиам Хемсворт. Беа пар со прекини речиси една деценија и иако беа целосна спротивност еден на друг, сепак се венчаа во 2018 година.
По само 8 месеци, парот се разведе, а брзо потоа беа фотографирани со нови партнери.
Прочитајте и Мајли Сајрус: „Консумирав дрога, се сликав гола, но не го изневерив Лиам, го сакам!“
Лиам сега ужива во љубовната врска со 25-годишниот модел Габриела Брукс. Првите гласини за нивната врска беа во декември 2019 година.
Фотографии од одморот на парот:
С. С. | Црнобело