Кога си модна икона, а не се оптоваруваш: Блејк Лајвли си облече тексас јакна врз раскошниот фустан на настан (фото)
- Детали
- вторник, 01 март 2022
Омилениот холивудски пар Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс повторно со прегратки и насмевки на црвениот тепих, а Блејк во свој стил по модната доминација на настанот си облече тексас јакна за да не ѝ биде студено надвор. Природна и своја!
Блејк Лајвли (34) се појави на промоцијата на новиот филм на нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс во Versace фустан во боите на виножитото. Промоцијата на филмот „The Adam Project“ се одржа во Њујорк.
Блејк издоминира на настанот во совршеното модно издание, а со сопругот изгледаа вљубени како и секогаш. Тој се појави во сив костум со бели риги.
Парот има 3 ќерки на возраст од 7, 5 и 2 години, но тие не беа со нив.
Интересно е што на крајот од вечерта Блејк беше фотографирана откако врз гламурозната тоалета си облекла тексас јакна за да не ѝ биде студено надвор.
Светска модна икона, а природна и своја, симпатично зарем не?
Прочитајте и Се гледаат вљубено, се смешкаат еден на друг: Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс блеснаа на црвениот тепих
Фотографии од настанот:
С. С. | Црнобело