Се гледаат вљубено, се смешкаат еден на друг: Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс блеснаа на црвениот тепих
- Детали
- среда, 04 август 2021
Љубов како нивната... Имаат 3 деца, но се вљубени еден во друг како и првиот ден. Рајан постојано ја задева Блејк, а таа не останува имуна на неговите шеги, едноставно зрачат каде и да се појават. На Блејк не ѝ е проблем да покаже и како си ги одмора нозете во старки под фустанот. Природни и свои!
Рајан Рејнолдс (44) се појави на премиерата на филмот „Free Guy“ со неговата сопруга Блејк Лајвли.
Парот, кој има 3 деца, блескаше на црвениот тепих.
Блејк, како и секогаш, имаше направено моден погодок. Во розовата тоалета таа изгледаше раскошно, но и природно едновремено.
Блејк и Рајан на многумина им се омилениот холивудски пар затоа што секогаш се насмеани, непосредни и се шегуваат на сметка еден на друг.
Тие и сега без пречки си ја покажуваа љубовта еден кон друг.
Блејк и Рајан на премиерата на „Free Guy“:
С. С. | Црнобело