Селена Гомез се соблече боса откако падна, Мајкл Даглас со плетено шамиче во боите на Украина – Фотки од црвениот тепих на SAG наградите
- Детали
- понеделник, 28 февруари 2022
Селена Гомез се појави боса на сцената откако претходно падна на црвениот тепих, а холивудските ѕвезди дадоа масовна поддршка за Украина. Што ги одбележа Screen Actors Guild (SAG) награди 2022? Кои беа највпечатливите моменти и модни изданија?
Во Лос Анџелес вчера (27. 02) се одржа 28-то по ред доделување на Screen Actors Guild (SAG) наградите, а пред почетокот целото внимание го привлече младата Селена Гомез (29) која имаше мал инцидент на црвениот тепих.
фото: PageSix
Пејачката се сопна и падна на црвениот тепих, а видеото од инцидентот веднаш се прошири на социјалните мрежи.
Leave it to Selena Gomez to make even slipping on the red carpet look good https://t.co/7JzhcPAuQp pic.twitter.com/buTnCE8vJf
— Variety (@Variety) February 28, 2022
Дополнително, не помина незабележано во светските медиуми и тоа што во моментот кога излезе на сцената за да ја додели наградата за најдобра споредна женска улога, Селена одлучи да оди боса и да ги остави високите штикли.
selena walking barefoot on stage is the most selena gomez thing she could do https://t.co/aTeH916U92
— ✧.* (@SLAYLLENA) February 28, 2022
Холивудскиот ветеран Мајкл Даглас (77) јавно искажа поддршка за Украина така што носеше плетено џебно шамиче со жолта и сина боја, во боите на знамето на Украина.
Фото: Daily Mаil
Лејди Гага давајќи изјава за медиумите упати порака:
„Ова е прекрасна вечер кога ја славиме уметноста и се славиме меѓу себе. Многу работи се случуваат во светот и моето срце е со Украина. Сметам дека вечерва сите треба да бидеме благодарни за ова што го имаме.“
gaga mentioning ukraine in a middle of an interview🥺 we really stan harder #SAGAwards pic.twitter.com/OOuM9KXxJm
— ᴘɪɴᴋɢᴀ 〄 (@pinkishgaga_) February 28, 2022
Погледнете повеќе фотографии од гламурозните изданија на холивудските ѕвезди во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело