Анџелина Џоли на добротворна мисија во Камбоџа со ќерката Шајло – позира со фанови по новата тужба од Бред Пит
- Детали
- петок, 25 февруари 2022
По новата тужба на Бред Пит каде што актерот ја обвинува Џоли за продажбата на нејзиниот дел од нивната заедничка винарија, Анџелина Џоли замина на добротворна мисија во Камбоџа со ќерката Шајло.
Деновиве Анџелина Џоли е во Камбоџа со нејзината ќерка Шајло каде што работи на проект во склоп на нејзината добротворна фондација Медокс Џоли-Пит.
46-годишната актерка сподели неколку фотки од патувањето со опис:
„Неколку денови во Камбоџа помеѓу добрите локалци и чувствувам како ми закрепнува душата. Оваа земја отсекогаш била посебна за мене и нашето семејство.
Среќна сум што се обединив со пријателите од фондацијата. Целиот тим составен од локалци води програми за здравје, едукација и конзервација“.
На една од фотографиите се гледаат Џоли и нејзината ќерка Шајло. Актерката и Шајло се во лежерно издание, со широки насмевки на лицето.
На друга фотографија, актерката е на состанок со војници и функционери од Камбоџа.
За време на патувањето, Џоли го посети и древниот храм Анкгор Ват каде што со задоволство позираше со фановите и тамошните туристички водичи.
Според медиум од Камбоџа, посетата на Џоли, особено на храмот, е од големо значење за земјата:
„Посетата на Џоли е навистина добар знак за Камбоџа и докажува дека ова е безбедна туристичка дестинација“, гласи изјавата на локалец.
Инаку, Анџелина Џоли го посвои синот Медокс од Камбоџа, а и самата има државјанство кое го доби во знак на благодарност за нејзината помош во земјата.
Во меѓувреме, скандалите со поранешниот сопруг на Џоли не стивнуваат и актерката води уште една судска битка со него.
Бред Пит поднесе тужба против неа бидејќи таа го продала нејзиниот дел од нивната заедничка винарија во Франција.
Според актерот, тој и Џоли ја купиле винаријата во 2008 година, а таа покрила околу 40% од цената. Сега тој ја тужи бидејќи таа го продала нејзиниот дел без да му каже.
Проблемот настанал бидејќи актерите имале договор ниту еден од нив да не продава дел од винаријата без да се консултираат еден со друг. Актерот тврди дека тој вложил многу повеќе во винаријата од неа за да оствари профит.
Поради ова, тој смета дека актерката му должи многу пари.
Бред Пит и Анџелина Џоли, кои се венчаа во 2014-та и се разведоа во 2016 година, веќе пет години се „влечат“ по судови од разни причини.
Покрај разводот и поделбата на богатството, тие водеа жестока битка и за старателството над нивните деца. На крај, и покрај тврдењата на Џоли дека актерот бил насилен, судот сепак им додели заедничко старателство на малолетните деца.
Парот има шест деца – посвоените Медокс, Пакс и Захара, како и нивните биолошки деца Вивиен, Нокс и Шајло.
Спирова С. | Црнобело