Џанлука Ваки танцува во приватен џет, Шерон Фонсека во најсекси издание досега - парот во САД е повљубен од кога било
- Детали
- среда, 16 февруари 2022
„Ти ја претставуваш најдобрата верзија од сè за што некогаш сонував. Ти и нашата убава ќерка конечно му дадовте комплетна смисла на мојот живот...“ е дел од емотивната изјава на славниот Италијанец за неговата сакана. Како парот ужива во животот во САД?
Џанлука Ваки секогаш истакнува дека животот е лудо патување и треба да го живеете со полн здив, па така неодамна повторно ширеше позитива на социјалните мрежи со забавно, танцувачко видео снимено во неговиот приватен џет.
Тој веќе извесен период со саканата Шерон Фонсека и ќеркичката живеат во САД, а пред тоа живееја во неговата раскошна вила со базен во родната Италија.
Џанлука Ваки деновиве ѝ посвети емотивна објава на Шерон:
„Ти донесе поинаков тип на насмевка во мојот живот, таа доаѓа од мојата душа и од свесноста дека конечно сум на вистинскиот пат. Ништо повеќе не можев да посакам од Господ.
Ти ја претставуваш најдобрата верзија од сè за што некогаш сонував. Ти и нашата убава ќерка конечно му дадовте комплетна смисла на мојот живот. Ти благодарам љубов моја. Твој засекогаш...“
И Шерон не штедеше убави зборови за саканиот и откри дека деновите заедно им се исполнети со љубов, дека со танц се справуваат со грижите и дека љубовта секогаш е нивниот пат.
Таа сподели и видео на кое пеат и се бакнуваат:
Повеќе фотографии од секојдневието на парот:
С. С. | Црнобело