Бившиот на Меган Фокс очекува дете со новата девојка по нејзината свршувачка со Машин Ган Кели (фото)
- Детали
- сабота, 05 февруари 2022
Брајан Остин Грин – актерот со кого Меган Фокс беше 10 години во брак – и неговата девојка го очекуваат првото дете. За актерот ова ќе биде петти пат да стане татко – тој има три деца со Меган, како и постар син од претходна врска.
Поранешниот сопруг на Меган Фокс, Брајан Остин Грин, го очекува првото дете со девојката Шарна. Од бракот со Меган, Брајан има три други деца. Истовремено, тој има и постар син од претходна врска.
48-годишниот Брајан и неговата 36-годишна девојка ги соопштија вестите со заеднички фотографии од Хаваи.
Актерот и неговата избраничка ја почнаа врската околу пет месеци откако тој се раздели со Меган. Брајан и Меган му ставија крај на 10-годишниот брак во 2020 година.
Неодамна актерката се вери со нејзиното момче Машин Ган Кели, па можеби наскоро и тие ќе размислат за проширување на семејството.
Според изворите, Брајан и Меган се во релативно добро односи и приоритет им е среќата на нивните деца.
„Сè додека се согласуваат во врска со нивните деца, Брајан е добар и среќен што на Меган ѝ оди добро“ вели извор близок до актерот.
Повеќе фотки од Брајан и Шарна:
Спирова С. | Црнобело