Трите деца на Мајкл Џексон пораснаа - ќерката (23) е совршена убавица на црвениот тепих (фото)
- Детали
- среда, 02 февруари 2022
Имаше многу контроверзии околу начинот на кој Мајкл Џексон ги воспитува, како и неговата навика да им ги крие лицата, но денес тие се прекрасни млади луѓе, а највпечатлива е 23-годишната ќерка Парис, која израсна во вистинска убавица.
Децата на Мајкл Џексон, ќерката Парис (23) и синовите Принц (24) и Бланкет (19), кој го промени името во Биги, се појавија заедно на настан во Њујорк, одржан во чест на нивниот починат татко. Станува збор за мјузикл на Бродвеј.
23-годишната Парис е вистинска убавица во црвениот фустан со впечатлив дезен, додека нејзините браќа облекоа костуми за ова појавување.
Со помош на шминката Парис на совршен начин ги истакна нејзините небесно сини очи.
Најмалото дете од трите на Мајкл Џексон, односно синот Бланкет не позираше на црвениот тепих, но беше фотографиран додека излегува од автомобилот со сестра си под рака.
Прочитајте и Им ги криеше лицата, ги „штитеше“ од светот: Каков татко беше Мајкл Џексон + нови фотки од неговите деца
Како изгледаат децата на Мајкл Џексон денес:
С. С. | Црнобело