Постарата ќерка на Обама „уловена“ по тренерки и кломпи со цигари во рака – Малија е копија на мајка ѝ Мишел (фото)
- Детали
- среда, 26 јануари 2022
Иако одлично ја крие својата приватност, за 23-годишната Малија Обама е добро познат факт дека е пушач, но и дека негува навистина необичен моден стил. А, како што расте, младата девојка сè повеќе личи на мајка ѝ Мишел.
Постарата ќерка на Барак Обама има 23 години и веќе е како двојничка на нејзината мајка Мишел.
Периодов 23-годишната ќерка на поранешниот претседател на САД беше забележана неколкупати со впечатливи модни комбинации, но и со цигара во рака.
Малија беше фотографира како излегува од продавница за електронски цигари во Лос Анџелес во лежерно издание – тренерки и блузон со сива боја. Младата девојка изгледаше прекрасно со широка насмевка на лицето.
Неколку денови подоцна, Малија беше на прошетка со пријател, повторно со лежерна комбинација, облечена во фармерки со крем боја и краток сив блузон.
Претходно, младата девојка беше уловена како пуши цигара на пауза од работа. Овојпат Малија носеше жолт џемпер и панталони со маслинесто зелена боја.
На сите фотографии, Малија има и необична фризура – косата ѝ е исплетена во плетенки, но само до половина.
Ќерката на Обама нема проблем да ги гледа папараците во камера додека ја фотографираат.
Малија се држи понастрана од јавноста откако заврши мандатот на нејзиниот татко во 2017 година. Откако со семејството ја напуштија Белата куќа, таа се запиша на Харвард, а дипломира во 2021 година.
Младата девојка отсекогаш покажувала интерес за филмската индустрија, па моментално работи на неименуван проект на Амазон во Лос Анџелес.
Мишел и Барак имаат уште една ќерка – 20-годишната Саша – која периодов исто така беше забележана во Лос Анџелес. Саша уште подобро ја крие својата приватност, па за јавноста не е познато ни на кој факултет студира.
Сепак, повеќе од очигледно е дека со сестра ѝ Малија негуваат специфичен стил на облекување.
Спирова С. | Црнобело