- Детали
-
понеделник, 17 април 2023
-->
Дејвид Боуви и Иман секогаш изгледаа беспрекорно, дури и кога одеа на кафе, а Дејвид и Викторија Бекам до денес се еден од најдобро облечените познати парови. Но, има и многу кои не се веќе заедно, но уште се сметаат за парови кои секогаш изгледале најдобро.
Не е тајна дека познатите имаат цел тим стилисти кои се грижат за нивниот изглед, па не е ни чудно што секогаш изгледаат беспрекорно. Но, некои од нив дефинитивно се истакнуваат над сите.
-->
Уште поинтересни се паровите во светот на шоу-бизнисот кои скоро секогаш се појавуваат со комбинации кои одлично се надополнуваат.
Некои вакви парови оставиле толку силен впечаток со нивниот стајлинг, што ги зборуваме долго и откако ќе се разделат.
Па, кои се најдобро облечените парови во светот на шоу-бизнисот?
Сони и Шер важеа за најдобро облечениот пар во 60-тите и 70-тите години од минатиот век. Овде се фотографирани на доделувањето на Оскарите во 1973 година.
Дејвид Боуви и супермоделот Иман доминираа со нивните комбинации во 1990-тите. На оваа фотка од 1991-ва парот оди на вечера.
-->
-->
Иако имаат и неколку модни промашувања, Дејвид и Викторија Бекам до денес важат за најдобро облечен пар од светот на шоу-бизнисот. Со најпрепознатливата складна комбинација, тие се појавија на гала вечера организирана од Versace во 1999 година.
-->
Џеј Ло и Пи Диди беа заедно краток период – од 1999 до 2001 година – но останаа запомнети како еден од најдобро облечените парови. Овде позираат на доделувањето на MTV VMA во 1999-та.
Повторно Џеј Ло и Пи Диди – овојпат пејачката го носи легендарниот Versace фустан на доделувањето на Греми наградите во 2000 година.
-->
Бијонсе и Џеј Зи се заедно многу долго, а низ годините изградија одличен стил. Всушност, уште на првото заедничко појавување на MTV VMA во 2004 година, тие беа во комбинации што одлично се надополнуваат.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира: