Кендал Џенер со скандалозен фустан како деверица на свадба - мислењата поделени
- Детали
- вторник, 11 јануари 2022
„Некултурна“, „без почит кон невестата“ се само дел од осудувачките коментари за ризичниот разголен фустан на Кендал Џенер. Дали стајлингот е соодветен за на свадба?
Кендал Џенер се појави во скандалозен фустан на свадбата кај својата пријателка Лорен Перез, која се одржа во ноември 2021, а од која Лорен неодамна објави фотографии на својот Инстаграм профил.
26-годишната Кендал на свадбата беше деверица и по сатенскиот фустан за фотосесијата, таа за прославата облече црн фустан со отсечоци за кој вели дека побарала одобрување од невестата за да го носи на свадбата.
По низата критики на сметка на Кендал, се огласи и невестата на свадбата која изјави „Кендал изгледаше неверојатно и мене навистина ми се допадна“.
Фановите на Џенер кои застанаа во нејзина одбраа велат: „Ако на невестата не ѝ пречи, зошто се грижите вие?“
Оние пак кои ја нападнаа на социјалните мрежи во коментари ја нарекуваат некултурна и без почит кон невестата. Велат дека стајлингот изгледа „невкусно“.
Што мислите вие за ризичниот фустан на Кендал? Дали е соодветен за на свадба?
С. С. | Црнобело