26-годишната ќерка на Еминем порасна во убавица со раскошни облини
- Детали
- сабота, 08 јануари 2022
Новата година ја започна со секси селфи од своето раскошно деколте и затегнатите стомачни, а Хајли Скот е позната по тоа што не пропушта пригода да истакне колку е горда на кариерата на својот славен татко.
Хајли Скот (26), ќерка на еден од најпознатите рапери на светот, ја започна новата година со домашен СПА третман и вежбање.
Ќерката на Еминем прикачи селфи од нејзиниот тоалет, полн пареа, и ги покажа тонираните стомачни мускули и раскошното деколте.
„Здраво прв понеделнику од новата година. Не сум подготвена за тебе“, се пошегува таа на Инстаграм стори деновиве.
Хајли е позната по тоа што го крие својот приватен живот од јавноста. Сепак, сака да се пофали со некоја модна комбинација, како и да го истакне својот задник, горда на напорните тренинзи.
Таа често знае да истакне колку е горда што музиката на нејзиниот славен татко е толку слушана.
Како изгледа ќерката на Еминем денес:
С. С. | Црнобело