За првпат се појавила на екраните во 1939-та година: Факти за Бети Вајт која почина 2 недели пред 100-иот роденден
- Детали
- сабота, 01 јануари 2022
„Целиот живот ги засмеваше сите, таа нема да сака да бидете тажни вечерва“ – се вели во еден од твитовите објавени по веста дека на само две недели пред 100-иот роденден почина американската комичарка Бети Вајт.
На 31-ви декември 2021-ва година почина комичарката Бети Вајт, која во изминатите денови во пресрет на 100-иот роденден тврдеше дека е во одлична здравствена состојба, а ги откри и сопствените тајни за долговечност.
Токму поради ова сите се изненадени од веста за нејзината ненадејна смрт. На Твитер голем број од нејзините обожаватели се простуваат со неа, а во еден твит стои:
„Целиот живот ги засмеваше сите, таа нема да сака да бидете тажни вечерва“.
https://twitter.com/TSting18/status/1477012147494436867
Во продолжение неколку интересни факти за актерката:
Во 2014-тата година Бети го освои Гинисовиот рекорд за најдолга телевизиска кариера за женски изведувач, благодарение на нејзиното 70-годишно работење.
Бети ниту самата не го помнеше името на шоуто во кое во 1939-тата година за првпат се појавила на телевизија.
Пред да почне да работи во телевизија, Бети работела во театар, радио и била модел, но со избувнувањето на Втората Светска војна им се посветила на Американските волонтерки.
Бети била омажена трипати. Со првиот сопруг Дик Баркер се омажила и се развела во 1945-та година. Со агентот Лејн Ален била во брак од 1947 до 1949-та година. Трет пат се омажила во 19630-та година за вдовецот и татко на три деца Ален Луден.
Благодарение на Фејсбук кампања Бети на 88-годишна возраст беше најстарата домаќинка на Saturday Night Live во 2010-тата година.
Бети минатата недела даде интервју во кое истакна дека е во добро здравје, а како главна тајна за нејзината долговечност рече дека тоа е благодарение на нејзината диета:
„Се трудам да избегнам сè што е зелено“
Б. С. Б. | Црнобело