Јелена Карлеуша во скутот на Дедо Мраз и уште 5 ѕвезди кои позираа со него (фото)
- Детали
- среда, 29 декември 2021
Во пресрет на новата 2022-ра година голем дел од децата веќе се фотографираа со Дедо Мраз, а очигледно тоа го направија и некои познати личности. Сестрите Хилтон, Ким Кардашијан, но и Јелена Карлеуша објавија фотографии на социјалните мрежи со Дедо Мраз.
Некои познати личности се фотографираа со Дедо Мраз со семејството, а некои пак сами му седнаа на Дедо Мраз во скутот и позираа.
Само три дена пред Божиќ (20.12) богатите наследнички Парис и Ники Хилтон објавија фотографии како позираат во скутот на Дедо Мраз во сребрен и црвен фустан и високи потпетици.
„Со Дедо Мраз. Само уште три дена до Божиќ“ – напиша Парис до фотографиите.
Уште една позната личност која му седна на Дедо Мраз во скутот е Ким Кардашијан. Покрај фотографиите од божиќната вечер на кои може да се видат нејзините четири деца, таа објави и фотографија во која позира во целосно кафеав стајлинг.
Клои Кардашијан пак објави фотографија на која заедно со нејзината ќеркичка Тру позираат заедно до Дедо Мраз пред новогодишната елка. На фотографиите 3-годишната Тру е дотерана во светкаво, сребрено фустанче со патики од Christian Dior.
На нашите простори, српската пејачка Јелена Карлеуша објави фотографии како седи во скутот на Дедо Мраз со цел да го најави сопствениот настап за новогодишната ноќ.
„Драг Дедо Мраз, бев добра девојка цела година. Сѐ што сакам е...“ – напиша таа до фотографиите.
Освен оваа, Јелена објави уште една фотографија на која позира уште со четворица Дедо Мразовци.
Претходно семејна фотографија објави и манекенката и партнерка на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез која бремена со четирите деца замина на Северниот Пол каде се фотографираше со вистинскиот Дедо Мраз.
Б. С. Б. | Црнобело