Трите тајни за младешкиот изглед на Џенифер Лопез
- Детали
- петок, 07 јануари 2022
Латино дивата е дефинитивно жена која успева да нè убеди дека годините се само бројка. Сите завидуваат на младешкиот изглед на Џенифер Лопез, па дури и многу помладите колешки.
Малкумина би поверувале дека популарната пејачка и актерка има 52 години. Речиси никој не изгледа толку добро во светот на шоу-бизнисот како Џеј Ло.
Тајната на нејзиниот одличен изглед? Одговорот се крие во многу труд и пожртвуваност.
Ѕвездата откри дека покрај диетата и редовното вежбање, се откажала и од работите што многу ги сака:
Без кофеин
Многу луѓе не можат да си го замислат денот без шолја кафе, но Џенифер не е една од нив. Иако порано уживала во вкусот на кафето, таа се откажала од ова задоволство заради убавината.
„Не пушам ниту пијам кафе. Ова целосно ја уништува кожата. Најмногу јадам зеленчук, брокула и кељ“ – изјави Џенифер.
Добар, квалитетен сон
Познато е дека добриот сон е многу важен за изгледот и здравјето на кожата. Свесна за тоа, Џенифер спие најмалку седум часа, а се води по слоганот „добриот сон е половина здравје“.
Нула алкохол
Со консумирање алкохол, кожата дехидрира и престанува да произведува колаген кој е неопходен за убав изглед.
Доколку сакате здрава кожа, затегнато тело и добар изглед во педесеттите години, можеби ќе треба да се откажете од алкохолот, слично како Џенифер.
Резултатите најверојатно ќе ви покажат дека ова не е толку лоша одлука.
А, како изгледа дивата во шестата деценија на 52 години?
(О)Милена | Црнобело