Како Пит Дејвидсон ги освои Ким и уште неколку прекрасни славни дами – на што паѓаат девојките?

Изјавата на неговата бивша девојка Аријана Гранде дека тој е многу надарен ги натера сите да помислат дека девојките паѓаат на тоа, но што всушност гледаат сите во него? Тој успеа да ги освои и Кејт Бекинсејл, Каја Гербер, а сега и Ким Кардашијан, иако според многумина е далеку од холивудските заводници.

smisla-za-humor-i-iskrenost-kako-pit-dejvidson-ja-osvoi-kim-kardashijan-i-del-od-najubavite-zheni-vo-svetot-01.jpg

Одлична смисла за хумор, искреност, но и добар однос со неговата мајка – според јавноста, ова се главните одлики што го прават Пит Дејвидсон неодолив за жените од светот на шоу-бизнисот.

Пит Дејвидсон повторно се најде во центарот на вниманието откако ја потврди врската со Ким Кардашијан, но факт е дека голем дел од јавноста се чуди како воопшто успеал да ја освои.

Всушност, младиот комичар има долга историја со некои од најатрактивните жени во светот на шоу-бизнисот, вклучувајќи ги Аријана Гранде, Кејт Бекинсејл и Каја Гербер.

Многумина за Пит велат дека не изгледа воопшто привлечно и не може ни да се спореди со најголемите холивудски заводници, но се чини дека ни некои од најубавите жени во светот не можат да одолеат на неговиот шарм.

kako-pit-dejvidson-gi-osvoi-kim-i-ushte-nekolku-prekrasni-slavni-dami-na-shto-pagjaat-devojkite-03.jpg

Бидејќи ова е дилема што не можат да си ја разјаснат голем број луѓе, корисник на Редит ги прашал форумџиите зошто, според нив, Пит Дејвидсон е привлечна личност и што е она што го прави неодолив за познатите жени.

Повеќето ги нагласуваат неговите искреност и добрина, но и смислата за хумор – одлики кои неретко можат да бидат поважни од физичкиот изглед.

Во продолжение дел од најдобрите одговори:

„Изгледа како многу искрена личност и не се плаши од својата ранливост. Исто така мислам дека е многу посветен на неговите родители“.

„Има слатка насмевка. Изгледа самоуверено, но не дрско како некои други познати мажи. Повлечен е, но не премногу. Мислам дека енергијата што ја шири има поголемо влијание отколку неговиот изглед“.

„Многу е искрен и отворен за неговите проблеми со менталното здравје. А, луѓето кои се искрени – исто така и добри – често се сметаат за попривлечни“.

smisla-za-humor-i-iskrenost-kako-pit-dejvidson-ja-osvoi-kim-kardashijan-i-del-od-najubavite-zheni-vo-svetot-02.jpg

„Во одличен однос е со неговата мајка!“

„Ова момче сака вистински да ги запознае жените со коишто се гледа, да ги сретне нивните родители и да ги запознае со неговата мајка. Очигледно е дека популарноста, но и добрината и искреноста му се од голема помош“.

„Свесен е за себе и не му пречи да се пошегува на своја сметка. Исто така ми изгледа како нежна личност“.

smisla-za-humor-i-iskrenost-kako-pit-dejvidson-ja-osvoi-kim-kardashijan-i-del-od-najubavite-zheni-vo-svetot-04.jpg

„Знае дека не треба да ја докажува својата машкост“.

„Тој е успешен, забавен и самоуверен. Луѓето не сфаќаат дека овие три одлики можат да направат да се истакнете над другите“.

„Ми изгледа како личност која кога ќе ја сретнеш, ќе се обиде да ја направи средбата забавна. А, ако не ви се допаѓа, нему не му е грижа. Оваа комбинација од грижа за другите и самодоверба го прави привлечен“.

smisla-za-humor-i-iskrenost-kako-pit-dejvidson-ja-osvoi-kim-kardashijan-i-del-od-najubavite-zheni-vo-svetot-03.jpg

„Ми изгледа како момче кое не се плаши да ѝ ја придржи чантата на девојката“.

„Еднаш гледав интервју со него и водителката го праша која е неговата тајна, па тој почна да зборува за искреност и добра комуникација, изјавувајќи ’Не играм игри, како игнорирање пораки за да изгледам недостижно. Ако ми се допаѓа некоја девојка, ѝ го кажувам тоа‘.

И, ми изгледаше како навистина да верува во тоа. Ниту една позната жена нема кажано нешто лошо за него откако се разделиле“.

smisla-za-humor-i-iskrenost-kako-pit-dejvidson-ja-osvoi-kim-kardashijan-i-del-od-najubavite-zheni-vo-svetot-05.jpg

„Изгледав одлично ТикТок видео на оваа тема - кога си зафатена жена, знаеш дека ако си дојдеш дома и те пречека Пит Дејвидсон, нема да бара ништо од тебе. Ќе можеш само да се релаксираш со него. Нема воопшто да ти суди“.

„Знам дека за многумина Пит не е смешен, но искрено кога почнав да ги гледам неговите скечеви на SNL ми стана многу привлечен.

Некои од шегите што ги напишал сам, како и моментите кога почнува да се смее на снимање ми беа многу смешни и почнав да сфаќам зошто им е привлечен на некои луѓе“.

Дали се согласувате со форумџиите од Редит?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина „Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
Фото-споредби од познати жени кои (најверојатно) ги намалиле образите Кира Најтли, Ања Тејлор Џој и Деми Мур се само дел од славните жени за кои јавно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg