По примерот на родителите кои имаат отворен брак – ќерката на Вил Смит „фатена“ како се бакнува со друго момче
- Детали
- понеделник, 06 декември 2021
Во јавна врска е со еден, а страсно се бакнува на плажа со друг дечко. Тргнува ли Вилоу Смит по стапките на нејзините родители Вил Смит и Џејда Пинкет кои јавно признаа дека имаат отворен брак?
Ќерката на американскиот актер и пејач Вил Смит, Вилоу Смит (21) најверојатно тргнува по стапките на нејзините родители и не верува во моногамија.
За неа се знае дека е во јавна врска со Тајлер Кол (23), но деновиве беше забележана како се бакнува со колегата Де Вејн (26) со кого неодамна ја заврши заедничката турнеја.
Во изминатиот период Вил Смит ги објави своите мемоари, а во нив откри повеќе детали за сопствениот живот, а јавно призна дека со сопругата Џејда Пинкет Смит имаат отворен брак.
Прочитајте и Со сопругата имаат отворен брак, израснал со насилен татко – Факти за Вил Смит
Папараците ја уловија Вилоу како се бакнува со колегата Де Вејн на плажа во Мајами.
Сепак, не е јасно во каква врска е Вилоу со колегата со кого заедно беа на музичка турнеја, а се знае дека таа е во повеќегодишна врска со Тејлор Кол.
Во минатото таа самата призна дека е полиаморна „личност“, односно не верува во моногамија и сака да има врски со повеќе партнери истовремено, па не се исклучува можноста таа да се гледа и со двајцата.
„Кога станува збор за полиаморните врски, чувствувам дека тие ми ја даваат можноста да бидам слободна и да креирам стил на врски што ми одговара и не сакам да бидам во моногамна врска, само затоа што сите велат дека тоа е вистинската работа“ – вели таа.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело