Ријана со тренерки и штикли на шопинг со момчето - како одговори на гласините дека е бремена?
- Детали
- петок, 03 декември 2021
Ријана повторно покажа дека може да изгледа добро и во најчудните модни комбинации, само неколку денови откако беше прогласена за национален херој на родната земја Барбадос и откако наводно му напишала порака на фан со која ги негира гласините дека е бремена.
Откако се врати од родната земја Барбадос каде што беше прогласена за национален херој, Ријана се почасти со шопинг во Њујорк со нејзиното момче Ејсап Роки.
33-годишната пејачка и бизнис-жена беше со навистина необична комбинација која само таа може да ја „износи“ добро.
Ријана носеше црни широки тренерки во комбинација со црни чизми со високи потпетици, како и црна широка јакна. Комбинацијата ја дополнила со впечатливи бели очила.
Гласините дека Ријана и Ејсап Роки се пар почнаа уште во 2020 година и наводно набрзо потоа почнале да се гледаат.
Првпат се појавија во јавност како пар на Мет галата годинава, а неодамна почнаа шпекулации дека можеби го очекуваат и нивното прво дете.
Сепак, Ријана ги негираше гласините на навистина интересен начин – му испратила порака на Инстаграм на нејзин фан.
Сопственикот на профилот mis.jaye кој е посветен на Ријана сподели скриншот од пораките за коишто тврди дека се од познатата пејачка.
Најпрво, тој ѝ пратил порака:
„Може ли да дојдам на прославата за твоето бебе? Без разлика дали е вистина или не, твоите деца ќе бидат убави! Извини што моментално сите зборуваат за твојата матка“.
На негово големо изненадување, пејачката му одговорила на шеговит начин.
„Ха! Престани! Не дојде на првите 10 прослави. Сите вие мислите дека се размножувам секоја година“.
https://www.instagram.com/p/CW9FJI7hMNP/
Потоа корисникот сподели уште една порака од Ријана, во која пејачката му вели дека го сака.
https://www.instagram.com/p/CW_QBQxvwgp/
Инаку, веднаш штом Барбадос се одвои од Обединетото кралство и се прогласи за република, Ријана беше прогласена за Национален херој. Претходно, во 2018 година, пејачката беше прогласена за амбасадор на нејзината родна земја.
Спирова С. | Црнобело