Ким Кардашијан е модна икона за 2021-ва според магазинот People – заслужена титула или промашување?
- Детали
- сабота, 04 декември 2021
По повод прогласувањето на Ким Кардашијан за модна икона за 2021 година, да ги погледнеме нејзините најдобри, но и најлоши модни комбинации од изминативе неколку години.
Ким Кардашијан е номинирана за наградата Модна икона за 2021 година која ја доделува магазинот People, но сега телевизиите што го пренесуваат доделувањето на наградите соопштија дека таа е и победникот.
Категоријата Модна икона на годината е дел од популарните People’s Choice Awards кои ќе се емитуваат на 7 декември. Доделувањето ќе го емитуваат телевизиите E! и NBC, а оттаму потврдија дека годинава Ким ќе биде победникот.
Наводно, жирито било инспирирано од нејзиниот вкус за мода, нејзиниот успешен бизнис и фактот дека таа ја трансформираше модната индустрија со трендовите што ги прослави.
„Речиси две децении, еволуцијата на стилот на Ким Кардашијан влијаеше врз трендовите на глобално ниво и таа си ја зацврсти положбата како моќна личност во модната индустрија.
Бидејќи е инспирација, пионер и многу повеќе, едвај чекаме да ѝ ја доделиме овогодишната награда за модна икона“, открива Џен Нил, потпретседател на телевизиите E! и NBC.
Иако Ким многупати се има појавено со впечатливи комбинации, факт е дека зад себе има и бројни модни промашувања кои неретко биле мета на шеги.