Со Алекс беше разгалена дива, а Бен Афлек ја „спушти“ на земја – Џеј Ло носи тешки вреќи храна за сиромашните (фото)
- Детали
- среда, 01 декември 2021
Додека со Алекс Родригез секогаш уживаше во луксуз и гламур, откако е со Бен Афлек, почесто ја гледаме Џеј Ло во лежерно, опуштено издание. А, изгледа актерот има добро влијание врз неа бидејќи заедно со него, пејачката започна акција за донирање храна за сиромашните семејства.
Пред некој ден, во САД се прославуваше Денот на благодарноста, а наместо да се фали со луксузната вечера по повод празникот, Џеј Ло годинава одлучи да им помогне на сиромашните.
Ова е првата празнична сезона за Бен Афлек и Џеј Ло откако ѝ дадоа втора шанса на врската по 17 години од раскинувањето, а очигледно одлучиле да ја искористат на најдобриот можен начин.
Актерот и пејачката беа забележани како истоварат големо количество храна во нивната куќа со цел да подготват оброци за сиромашните семејства.
Додека поголемиот дел од работата го заврши Бен, од фотките е јасно дека ниту Џеј Ло не се плаши од работа и самата се обиде да пренесе неколку големи вреќи храна од камионот до куќата.
Во работната акција се приклучија и близнаците на Џеј Ло, како и две од децата на Бен Афлек.
Според изворите, периодов бил особено тежок за пејачката бидејќи таа е во Ванкувер, додека Бен и децата се во Лос Анџелес.
„Џенифер се врати во Лос Анџелес за да го прослави Денот на благодарноста со децата и Бен. Изминативе неколку недели беа напорни за неа. Тешко ѝ што е далеку од Бен и децата“, открива извор за People.
Изворот вели и дека среќниот пар дефинитивно ќе биде заедно за божиќните и новогодишните празници.
„И двајцата ќе имаат можност да здивнат. За Џенифер, Божиќ е празник за децата и го прави навистина посебен за нив. Годинава ќе треба да направат подобар план бидејќи и Бен сака да биде со неговите деца“.
Спирова С. | Црнобело