По аферата со саудискиот принц, се сврши со банкар – Сѐ за бурниот љубовен живот на Линдзи Лохан
- Детали
- вторник, 30 ноември 2021
Беше во врска со девојка, се сврши со руски милионер кој јавно ја малтетирал на плажа во Грција, имаше гласини за афера со саудиски принц, а сега се сврши со нејзиното момче, кое работи во банка во Дубаи - впечатливи моменти од љубовниот живот на холивудската актерка Линдзи Лохан.
По бурното минато на љубовен план холивудската актерка Линдзи Лохан (35) на социјалните мрежи ја објави свршувачката со нејзиното момче Бадер Шамас (34).
„Мојата љубов. Мојот живот. Моето семејство“ – напиша таа до фотографиите на кои се гледа вереничкиот прстен.
Линдзи Лохан во последниот период гламурот на Холивуд го замени за Дубаи, а за нејзиниот свршеник Бадер Шамас, кој исто така живее во Дубаи, се знае дека работи како асистент на потпретседателот на банкарската фирма Credit Suisse, интернационална компанија за менаџмент на богатство.
Засега нема многу информации, но медиумите пишуваат дека, пред да ја побара за жена, Линдзи и Бадер биле во врска две години.
Линдзи Лохан во минатото беше холивудска актерка за која се врзуваа голем број скандали и гласини.
Некои од најинтересните моменти во нејзиниот љубовен живот:
Во долгата низа на бивши љубови, се знае дека Линдзи една година се гледаше со ди-џејката Саманта Ронсон во периодот од 2008-до 2009-та година. За неа рече дека биле најдобри пријателки.
Во 2013-та година братот на Парис Хилтон, Барон Хилтон бил тешко претепан на забава во куќа во Мајами. Наводно Барон рекол дека нападот бил оркестриран од Линдзи која била вознемирена затоа што говорел лошо за неа.
Во 2014-та година во јавноста се појави озлогласената „секс-листа“ на Линдзи Лохан на која се најдоа 36 имиња на познати актери и лица во Холивуд со кои таа имала секс. На листата се најдоа, Колин Фарел, Џастин Тимберлејк, Хит Леџер, Џејмс Франко, Адам Левин…
Линдзи беше верена со рускиот милионер Егор Тарабасов во 2016-та година. Таа ја раскина свршувачката откако на интернет се појавија видеа и фотографии како тие двајцата физички се пресметуваат на плажа во Миконос.
„Никој не застана да ме заштити додека тој ме малтретираше“ – напиша подоцна на својот Инстаграм профил актерката.
Во 2019-та година се појавија шпекулации дека Линдзи е во врска со „крвавиот принц“ на Саудиска Арабија, Мансур Бин Зајед Ал Нахјан, но нејзиниот татко ги отфрли ваквите информации, нагласувајќи дека нивната врска е платонска и тие се само добри пријатели.
Прочитајте и Во брак е со прва братучетка, гласини дека Линдзи Лохан му е љубовница - Кој е „крвавиот“ принц на Саудиска Арабија „тежок“ 13 милијарди фунти?
Б. С. Б. | Црнобело