Во брак е со прва братучетка, гласини дека Линдзи Лохан му е љубовница - Кој е „крвавиот“ принц на Саудиска Арабија „тежок“ 13 милијарди фунти?
- Детали
- понеделник, 25 октомври 2021
Доколку мислевте дека сопственикот на Манчестер Сити, емирот од Обединетите Арапски Емирати, Мансур Бин Зајед Ал Нахјан, e многу богат, новиот сопственик на фудбалскиот клуб Њукасл „тежи“ 50 пати повеќе.
Принцот Мохамед Бин Салман има само 36 години, а неговото индивидуално богатство се проценува на неверојатни 13 милијарди фунти. Тој го купи англискиот клуб за 300 милиони фунти, што е навистина „капка“ од неговото целокупно богатство.
Тој се обидуваше да го оствари својот план уште во 2020 година, но Премиер лигата и британската влада не ја дозволија купопродажбата поради нелегалното емитување на натпреварите од англиската лига во Саудиска Арабија.
Сепак, откако проблемот се реши и ТВ правата беа откупени, Принцот Мохамед Бин Салман го купи Њукасл преку Саудискиот јавен инвестициски фонд и планира да го направи најдобриот тим во Европа. Колективното богатство на фондот се проценува на 320 милијарди фунти.
Но, кој е Мохамед Бин Салман?
Саудискиот престолонаследник се најде на осмото место на најмоќните луѓе на светот на списокот на Форбс во 2019 година. Бин Салман не се школувал во странство за разлика од своите браќа, туку останал во Ријад и дипломирал на Кралскиот факултет.
Од 2008 година е во брак со својата прва братучетка, принцезата Сара Бин Мансур Бин Абдулазиз, со која има пет деца.
Се шпекулираше дека принцот е во врска со актерката Линдзи Лохан, но нејзиниот татко ги негираше овие информации, тврдејќи дека нивната врска е платонска и дека се само пријатели.
Мохамед Бин Салман е сопственик на некои од најскапите куќи на светот. Неговата палата се проценува на 300 милиони долари, а јахтата чини вртоглави 500 милиони долари.
Го нарекуваат Ким Џон Ун од Персискиот залив
Само неколку месеци откако станал прв престолонаследник, во ноември 2017 година, „Принцот со крвави раце“ уапсил околу 200 принцови, поранешни министри и бизнисмени.
Тој ги исчистил министрите во владата, медиумските магнати, бизнисмените кои не му се допаѓале, како и гласните борци за човекови права па дури и дел од членовите на кралското семејство.
За него се вели дека го следи моделот на авторитарно владеење, а многумина не се согласуваат со неговите одлуки и тоталитарниот режим.
Други пак се задоволни и го сметаат за визионер и реформатор бидејќи тој донел и неколку одлуки што им се допаднале на жителите, како отворањето на кината на Саудиска Арабија по долги 35 години, дозволил жените да возат автомобили, а дал дозвола за организација на концерти на светски познати ѕвезди.
Се шпекулира дека Мохамед Бин Салман го нарачал убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул, Турција.
Но, прашањето за многумина е – зошто токму Њукасл и која е воопшто целта да се поседува фудбалки клуб кој секако нема да му донесе некој профит на принцот?
Дали купопродажбата е само од досада и чиста забава или „принцот на темнината“ крие поинакви намери со овој потег?
(О)Милена | Црнобело