„Ја засрамив сопругата така што објавив информации за нашето семејство“ – вака раперот Канје Вест ги коментира настаните што доведоа до разводот со Ким Кардашијан, откако тој јавно објави дека размислувале да ја абортираат Норт (9), а Ким сакала да го смести во институција.
-->
Ким Кардашијан (41) деновиве покажува дека е среќно вљубена во своето 13 години помладо момче Пит Дејвидсон, а нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест (44) отворено побара да се смират и да го зачуваат бракот.
-->
„Направив грешки. Јавно направив работи што не се прифатливи за кој било сопруг, но денес, не знам зошто, не знаев дека ќе имам прилика да говорам јавно, но тука сум за да го променам наративот.
Постојано мислам на тоа како повторно да си го обединам семејството и како да ја излекувам болката што им ја нанесов. Во целост преземам одговорност за моите постапки“ – рече тој.
Ким и Канје беа заедно од 2012-та година, а на почетокот на оваа година (2021) медиумите пишуваа дека Ким поднела документи за развод со раперот.
-->
Како започна нивната врска и кои беа причините поради кои се распадна нивниот брак?
Ким и Канје се запознале во 2002-ра година на снимањето на песната на нејзината другарка Бренди. Раперот призна дека се вљубил на прв поглед во неговата идна сопруга.
Во периодот кога се запознале Ким била во брак со Дејмон Томас. За потсетување, Ким и Дејмон беа во брак од 2000-та до 2004-та година, а се разведоа затоа што Ким тврдеше дека тој бил насилен, а Томас од друга страна ја обвини за неверство.
-->
-->
Во 2009-та година Канје напиша песна за Ким Кардашијан насловена Knock You Down, во која тој јавно призна дека сонува за неа и дека таа треба веднаш да му раскине на нејзиното момче.
-->
Канје за првпат се појави во реалното шоу Keeping Up with the Kardashians во 2010-та година. Воедно ова е периодот кога тие почнале повеќе да комуницираат.
Во 2011-та година Ким стапи во брак со НБА кошаркарот Крис Хемфрис. Овој брак е еден од најкратките бракови на познатите личности и траеше само 72 дена.
-->
Наводно, пред да стапи во брак со Крис, Канје ѝ праќал фотографии со остарени НБА ѕвезди за да ја разубеди да не се омажи за него и ѝ велел: „Види како ќе изгледа твојата иднина“.
Во 2012-та година во песната Cold, Канје призна дека е вљубен во Ким. По ова Ким и Канје почнаа заедно да се појавуваат на настани и официјално ја потврдија својата врска.
Уште неколку интересни факти на следната страна...