Сакале да ја абортираат првата ќерка, Ким барала да го сместат во институција – Како се распадна бракот меѓу Ким и Канје?
-->
Во декември 2012-та година тие потврдија дека го очекуваат првото дете. А во 2013-та година за првпат се појавија заедно на Мет Гала кога Ким беше бремена во осмиот месец.
Веќе во мај 2013-та година, додека Ким беше бремена, почнаа првите гласини за неверствата на Канје. Канаѓанката Лејла Гобалди тврдеше дека имала секс со Канје двапати, додека Ким била бремена. Канје ги негираше овие тврдења.
Во јуни 2013-та ја добија ќеркичката Норт, а во октомври истата година Канје ѝ предложи брак на стадион во Сан Франциско.
-->
Ким и Канје се венчаа во свечена церемонија во Италија во 2014-та година. Додека беа во брак тие добија уште три деца: Чикаго (6), Сент (3) и Псалм (2). Последните две деца ги добија со помош на сурогат мајка.
За време на бракот имаа подеми и падови. Додека Ким беше жртва на грабеж во Париз, Канје предвреме го заврши концертот во Њујорк за да биде со неговата сопруга.
Сепак, се чини дека сите проблеми во бракот на славната двојка започнаа во 2020-та година кога тој се кандидираше за претседател на САД, а за време на говорот во Северна Каролина откри мошне личен детал дека тој и Ким размислувале да ја абортираат првата ќерка.
По ова, Канје на Твитер објави дека Ким наводно сакала да отиде во Вајоминг заедно со доктор и да се обиде да го стави во институција откако тој „плачел за да ги спаси неговите девојчиња“ јавно и откако признал дека размислувале за абортус.
-->
-->
Канје, сега две години подоцна јавно признава дека направил грешка со таа несреќна изјава што ја дал во Северна Каролина.
„Ја засрамив сопругата така што објавив информации за нашето семејство за време на таа една – и фала Богу – последна прес-конференција. Татко ми само ми рече потоа: ’Сине следниот пат, напиши го говорот‘“ – изјави Канје во своето обраќање по повод Денот на благодарноста во Лос Анџелес.
-->
По ова следеа гласини дека парот веќе се разделил, а на почетокот на 2021-ва година, тие и официјално потврдија дека Ким поднела документи за развод.
-->
Ким речиси една година по поднесувањето на документите за развод сега е во врска со 13 години помладото момче Пит Дејвидсон, но Канје најави дека има намера да се бори за да го спаси бракот, откако претходно го поврзуваа со манекенката Ирина Шајк.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје
Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото)
Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ...
Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот?
Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите?
По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...