Факти за Сара Џесика Паркер, која возврати на критиките за изгледот: „Имам брчки и седа коса, да престанам да стареам?“
- Детали
- вторник, 09 ноември 2021
„Што треба да направам? Да престанам да стареам? Да исчезнам?“ - им одговори Сара Џесика Паркер на критичарите за нејзиниот изглед. Во „Сексот и градот“ се појави за првпат пред 23 години, а единствениот услов бил да не се разголува - интересни факти за актерката.
Сара Џесика Паркер (56) за првпат се појави во улогата на Кери Бредшо на возраст од 33 години. Додека Сара го градеше карактерот на Кери, речиси три децении наназад, таа го градеше и сопствениот живот.
Таа даде опширно интервју за магазинот Vogue, во кое говореше за сопствената улога како мајка и сопруга, но и како актерка што две децении ја толкува улогата на славната колумнистка од Њујорк.
Актерката вели дека досега ги чувала сите модни парчиња што ги носела во филмот „Сексот и градот“, а ја искористи и можноста да им одговори на големиот број критичари, што го коментираа нејзиниот изглед во последниот период, особено, нејзината седа коса и брчките.
„Седа коса, седа коса, седа коса. Дали таа има седа коса? Седам со Енди Коен и тој има седа коса во целост и тој е прекрасен. Зошто е во ред за него? На социјалните мрежи постојано некој има нешто да каже: ’Таа има премногу брчки, таа нема доволно брчки‘.
Како луѓето да не сакаат да бидеме задоволни со тоа што сме, како да уживаат во тоа ако нè боли тоа што сме станале, без разлика дали ќе изберете да остарите природно и да не изгледате совршено, или ако правите нешто за да се чувствувате подобро.
Јас знам како изгледам, но немам избор. Што треба да направам? Да престанам да стареам? Да исчезнам?“ – прашува таа.
Во продолжение проследете неколку интересни факти за неа:
На екраните беше безгрижната омилена колумнистка во Њујорк која уживаше во забавите заедно со нејзините три пријателки, а во приватниот живот изгради семејство со партнерот Метју Бродерик (59) со кого има три деца.
Серијата „Сексот и градот“ за првпат се појави на малите екрани во 1998-мата година, односно една година откако Сара го кажа судбоносното „ДА“ со нејзиниот партнер Метју, во црна венчаница.
Сара вели дека жали за изборот на венчаница и кога би имала прилика да прави свадба, овојпат со сигурност би избрала бела венчаница.
Сара за малку немало да ја прифати улогата на Кери, но по упорното убедување од страна на нејзиниот агент сепак прифатила, а единствениот услов бил да не се разголува во серијалот.
Додека во моментов се снима најновото продолжение на серијалот „Сексот и градот“, на социјалните мрежи постојано се појавуваат фотографии од трите девојки што практично „остареа“ на малите екрани преку нашето омилено шоу, но ја задржаа својата грациозност.
Критиките до нив се мошне гласни, особено ако се земе предвид дека Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон избраа гордо да ја носат седата коса, со видливи брчки на лицето, односно наместо да го подмладат шоуто, одлучено е тоа достоинствено да остари и да се покаже дека времето навистина поминало. Тоа го прават на прекрасен начин.
Нејзиниот најстар син Џејмс Вилки Бродерик веќе има 19 години, а е познат како ТВ лице и медиумска личност. Тој во моментов е на колеџ, па така на Сара ѝ се намалени домашните обврски околу него.
https://www.instagram.com/p/Bvm133xHAre/?utm_source=ig_web_copy_link
Близнаците Табита Хоџ и Марион Лорета во моментов имаат 11 години, но Сара ретко споделува нивни фотографии.
Сара во приватниот живот постигна многу – таа денес е актерка, продуцентка, мајка на три деца, сопруга, како и бизнис-жена што има своја сопствена модна линија.
Има голем број жени што го критикуваат нејзиниот изглед, но има и такви што тврдат дека таа е симбол за достоинственото стареење.
Б. С. Б. | Црнобело