Зејн Малик ја удрил мајката на Џиџи Хадид – пејачот негира, но парот повеќе не е заедно

Мајката на Џиџи Хадид го обвини Зејн Малик дека ја удрил и наводно ќе го тужи – пејачот негира, Џиџи не кажува ништо за ситуацијата, а изворите тврдат дека поради инцидентот тие се разделиле, но заедно се грижат за нивната 1-годишна ќерка Каи.

zejn-malik-ja-udril-majkata-na-dzhidzhi-hadid-pejachot-negira-no-parot-povekje-ne-e-zaedno-01.jpg

Мајката на Џиџи Хадид, Јоланда, тврди дека Зејн Малик ја удрил и дека планира да го пријави случајот во полиција.

Пејачот вели дека иако се расправале, тој не ја удрил, но очигледно ситуацијата ескалирала бидејќи изворите тврдат дека Зејн и Џиџи, кои заедно имаат едно дете, повеќе не се заедно.

Откако јавноста дозна за инцидентот, Зејн веднаш се огласи на Твитер, истакнувајќи дека ситуацијата настанала бидејќи тој се обидувал да ја заштити ќерката Каи.

Пејачот вели дека имало конфликт со некој од семејството на Џиџи, но дека само си размениле неколку погрдни зборови.

zejn-malik-ja-udril-majkata-na-dzhidzhi-hadid-pejachot-negira-no-parot-povekje-ne-e-zaedno-06.jpg

„Како што знаете сите, јас сум приватна личност и сакам да направам приватна околина за мојата ќерка. Место каде што приватните семејни проблеми нема да бидат достапни за јавноста да ги разглобува.

Обидувајќи се да го заштитам тој простор за ќерката се согласив да не ги оспорувам гласините кои потекнуваат од расправија што ја имав со член на семејството на мојата партнерка, кој влезе во нашиот дом пред неколку недели додека партнерката не беше дома.

Ова беше и уште е приватен проблем, но изгледа дека сега има поделба, и покрај моите обиди да ја вратам мирната семејна околина која ќе ми дозволи да се грижам за мојата ќерка на начин на којшто заслужува.

Сепак, се надевам дека сите вклучени во разменувањето погрдни зборови ќе закрепнат и, многу поважно, ќе продолжам да ја заштитувам Каи и да ѝ ја давам приватноста што ја заслужува“.

Потоа пејачот дал изјава и за TMZ во врска со случајот:

„Не е точно дека ја удрив Јоланда Хадид и за доброто на мојата ќерка одбивам да споделам други детали и се надевам дека Јоланда ќе размисли за лажните обвиненија и ќе почне да ги решава семејните проблеми приватно“.

zejn-malik-ja-udril-majkata-na-dzhidzhi-hadid-pejachot-negira-no-parot-povekje-ne-e-zaedno-05.jpg

Бидејќи во изјавата на Твитер пејачот го користи зборот „co-parenting“ – израз кој се однесува на разделени партнери кои заедно се грижат за нивното дете – јавноста смета дека Зејн и Џиџи се разделиле по инцидентот, а подоцна ова беше потврдено и од извор близок до парот. 

„Моментално не се заедно. Но, и двајцата се добри родители. Нормално, Јоланда е многу заштитнички настроена кон Џиџи.

Таа го сака најдоброто за нејзината ќерка и внука“, тврди извор за People, според кој парот заедно се грижи за ќерката Каи која се роди минатата година.

zejn-malik-ja-udril-majkata-na-dzhidzhi-hadid-pejachot-negira-no-parot-povekje-ne-e-zaedno-01.jpg

Уште не е познато што точно се случило помеѓу Зејн и Јоланда, но според изворите таа нема пријавено ништо во полиција.

Џиџи Хадид се нема огласено во врска со ситуацијата, но дала изјава за E! News преку нејзиниот портпарол:

„Моментално Џиџи се фокусира на најдоброто за Каи. Таа бара приватност во овие мигови“.

zejn-malik-ja-udril-majkata-na-dzhidzhi-hadid-pejachot-negira-no-parot-povekje-ne-e-zaedno-02.jpg

zejn-malik-ja-udril-majkata-na-dzhidzhi-hadid-pejachot-negira-no-parot-povekje-ne-e-zaedno-03.jpg

Наводно, во минатото Зејн имал насилни испади, но никогаш поврзани со семејството на Џиџи. Последниот инцидент се случил во јуни, кога Зејн за малку ќе започнел тепачка во бар во Њујорк.

Според присутните, ситуацијата не ескалирала и не дошло до физичка пресметка.

zejn-malik-ja-udril-majkata-na-dzhidzhi-hadid-pejachot-negira-no-parot-povekje-ne-e-zaedno-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg