Нови папарацо фотки од девојката одговорна за пиштолот на Алек Болдвин + изјава од неговата сопруга по убиството
- Детали
- вторник, 26 октомври 2021
24-годишната Хана, задолжена за оружјето на Алек Болдвин, одлетала во својот дом во Аризона, по фаталната незгода. Таа одбила да зборува за настанот.
Папарацо фотографите ја фотографираа првпат Хана Гутиерез Рид, асистентката од филмскиот сет во Њу Мексико, откако му го наполни пиштолот на Алек Болдвин со кој тој ја уби кинематографката Халина Хачинс.
Алек Болдвин е најлево на фотографијата, а Хана Гутиерез Рид најдесно
24-годишната Хана од Санта Фе одлетала во својот дом во Аризона, по фаталната незгода. Таа одбила да зборува за настанот.
На ексклузивните фотографии на DailyMail се гледа како зборува на телефон и изгледа загрижено.
Хана ја имала улогата на асистент на снимањето на филмот во кој глуми Алек Болдвин и токму таа била задолжена за оружјето на сетот.
Токму Хана на масата имала оставено три пиштоли од кои со еден смртно настрадала Халина, а бил повреден режисерот и сценарист Џоел Соуза.
По трагичниот настан за првпат се огласи и сопругата на Алек Болдвин, Хиларија Болдвин.
На својот Инстаграм профил таа изрази сочуство до семејството на Халина:
„Моето срце е со Халина. Нејзиниот сопруг. Нејзиниот син. Нивното семејство и саканите. Не постојат зборови затоа што невозможно е да се изрази шокот и болката во срцето од таква трагична несреќа. Скршено срце. Загуба. Поддршка.“
Погледнете ги папарацо фотките од Хана:
С. С. | Црнобело