Први професионални фотки од Адел откако ослабе + детали за анксиозноста, разводот и новата љубов
Адел проговори и за односот со нејзиниот татко кој почина минатата пролет, а со кого пејачката не говореше повеќе години наназад:
„Мојата терапевтка ми кажа дека морам да седнам и да разговарам со мојата 7-годишна верзија. Затоа што таа беше оставена сама на себеси.
Морав да седнам и да се сконцентрирам на тоа како се чувствував додека растев и за проблемите со татко ми, што ги избегнував.
Кои беа тие проблеми - тоа што не бев сигурна дали тој што треба да ме сака, воопшто ме сакаше и тоа што не бев на неговата приоритетна листа.
Така се чувствував и се навикнав на тоа. Затоа мојот однос со мажите, во главно, целиот мој живот бил: ‘Ќе те повредам за да не ме повредиш’.
Тоа е мошне токсично и ме спречува да најдам среќа“ – вели Адел.
Прочитајте повеќе: Адел живее во палата, а татко ѝ почина во барака: Зошто пејачката со години не зборуваше со него?
Адел во изминатиот период беше актуелна и со тоа што ја официјализираше врската со нејзиното ново момче, агентот на Леброн Џејмс, Рич Пол.
Како што вели, тие двајцата се познавале долги години наназад, но непосредно пред смртта на татко ѝ тој повторно се појавил во нејзиниот живот.
Немала намера светот да дознае за нивната врска на НБА натпреварот, но имала потреба да биде блиску до него.