На 50 години изгледа 2 децении помладо, има дете од друг маж - која е девојката на Џерард Батлер?
- Детали
- петок, 08 октомври 2021
Девојката на Џерард Батлер, која порано работела како модел, има 50 години и е мајка на едно дете, но е во топ-форма и изгледа како млада девојка.
Девојката на Џерард Батлер, Морган Браун, има 50 години, но сигурно не би поверувале кога ќе ја погледнете.
Неодамна, актерот и Морган беа забележани на плажа, а и за двајцата слободно можеме да кажеме дека изгледаат одлично.
Морган носеше зелено танга бикини кое го нагласуваше нејзиниот задник без грам целулит, а на нејзините стомачни би позавиделе и многу помлади девојки.
Морган, која е дизајнерка за ентериер, ја почна врската со Џерард уште пред околу 7 години. Сепак, минатата година, извесен период парот беше разделен.
Додека Морган одбиваше да коментира за разделбата, Џерард откри по некој детаљ во интервју:
„Поминав низ раскинување за време на пандемијата, па изгубив многу сакана личност и беше навистина тешко. Потешко отколку што мислев“.
Кратко по разделбата со Морган, актерот беше забележан со друга девојка, но само неколку месеци подоцна парот се појави заедно во јавност, по што стана јасно дека ѝ дале уште една шанса на врската.
Иако му е девојка на еден од најпознатите холивудски актери, Морган многу добро го крие приватниот живот. Не се познати никакви детали за нејзиното образование, но знаеме дека почнала со кариера како модел уште на 14-годишна возраст.
Морган е ќерка на поранешен модел, па покрај негата, дефинитивно и гените имаат улога за нејзиниот беспрекорен изглед.
Иако нејзината кариера како модел напредувала добро, во 20-тите Морган решила да почне да работи како дизајнерка на ентериер и денес е целосно посветена на тоа.
Како Морган, и Џерард е малку таинствен кога станува збор за нивната врска, но според некои извори тие почнале да се гледаат во 2014 година. Неколкупати раскинувале, но секогаш наоѓале начин да ги надминат разликите.
Парот нема деца, но Морган има дете од претходна врска за кое не знаеме буквално ништо.
Во 2017-та, Џерард сподели дека многу би сакал да стане татко, а во 2019 откри дека планира да посвои.
Спирова С. | Црнобело