Бившата му се заканувала со пиштол, бил зависен од храна – зошто братот на сестрите Кардашијан се повлече од јавноста?
- Детали
- вторник, 05 октомври 2021
Имал дијабетес, бил зависен од храна и лекови против болка, а бившата вереница му приредила вистински кошмар – постои причина зошто Роб Кардашијан одлучил да се држи настрана од јавноста, и покрај тоа што е дел од најпознатото семејство на светот.
Иако сестрите од кланот Кардашијан-Џенер се едни од најпознатите личности, нивниот брат, Роб Кардашијан, се држи настрана од јавноста и речиси и да не слушаме за него.
Дури ни неговите сестри немаат објави со него, па беше вистинско изненадување кога Ким сподели фотка од Роб и Клои.
Ријалити ѕвездата сподели две фотографии – една со Роб и Клои, а една со Кортни и Тревис – со опис:
„Вечера со моите омилени парови“.
Роб, кој има 34 години, самиот донесе одлука да се повлече од јавниот живот, а во епизода од нивното ријалити шоу, Клои откри дека му требало време да поработи на себе.
Претходно годинава, Клои сподели дека сега на Роб му оди добро, по бурната врска со Блек Чајна, проблемите со зависност од храна и лекови против болка, како и дијабетесот.
„Мислам дека само му требаше пауза. Мислам дека се соочи со многу поради тоа како го третираа некои жени во неговиот живот. Се чувствуваше како да го искористија за да стигнат до некое ниво.
Сметам дека ова имаше огромно влијание врз него бидејќи брат ми е полн љубов и го има најпрекрасното срце. И, мислам дека сега станува посилен – сметам дека треба да ви го скршат срцето за да научите од вашите грешки“, сподели Клои.
Но, кој е всушност Роб Кардашијан и што точно се случи со него?
По разводот на родителите живеел со татко му
Роб е роден во 1987 година, а неговиот татко е првиот сопруг на Крис – Роберт Кардашијан. По нивниот развод во 1991 година, Роб одлучил дека сака да живее со татко му, додека неговите сестри - Ким, Кортни и Клои, останале со мајка им Крис.
Нивниот татко почина во 2003 година, додека Роб уште живееше со него. Поради ова, Роб бил најпогоден од смртта на татко му и мошне тешко се справил со периодот.
Има дијабетес
Се чини дека целиот живот Роб има проблеми со здравјето – и физичкото, и менталното. Роб отсекогаш водел битка со килограмите, а кон крајот на 2015-та беше дијагностициран со дијабетес поради што беше и хоспитализиран.
Но, сега Роб тврди дека повеќе не е дијабетичар, најмногу бидејќи се фокусирал на исхраната и почнал да води многу поздрав живот.
Доживеа вистински кошмар со Блек Чајна
Ако некогаш сте налетале на нешто за Роб, сигурно било поврзано со неговата поранешна вереница Блек Чајна. Блек е модел, а врската со Роб ја почна околу јануари 2016 година.
Уште тогаш беше јасно дека ќе има многу драма за оваа врска, и тоа од неколку причини. Најпрво, Блек му е поранешна девојка на Тајга – бившиот на Кајли Џенер – со кого има и дете.
Покрај тоа, Блек била и многу добра пријателка со Ким, но го заладиле односот кога Кајли почнала да се гледа со Тајга. Наводно, имало и ситуација кога Кардашијан сестрите биле толку гневни на врската на Роб и Блек, што го избркале брат им од дома.
Сето ова не го спречило Роб да ја побара Блек за жена во 2016-та. Месец-два подоцна парот соопшти дека очекуваат и дете.
Веќе следната година стана јасно дека нештата во нивната врска се далеку од совршени, кога Роб сподели неколку фотографии од Блек на кои се гледа дека таа се бакнува со друг маж.
Роб тогаш објави и неколку експлицитни фотки од Блек, кои сега се избришани.
Роб тврдеше и дека Блек го искористила за да ѝ ги плати пластичните операции, како и дека еднаш му се заканувала со пиштол.
Ситуацијата ескалираше до тој степен, што парот заврши на суд, по што Блек доби забрана за доближување до Роб.
Извесен период се повлече од ријалити шоуто
Роб редовно се појавуваше во шоуто на Кардашијанс сè до седмата сезона. Тој период почнаа неговите проблеми со здравјето, но и драмата со Блек Чајна, со која доби и дете, па одлучил да се повлече од јавноста.
Има линија луксузни чорапи
Скоро сите од познатото семејство отворија свој бизнис во модната и индустријата за убавина, а истото го направи и Роб.
Иако не е успешен колку сестра му Кајли, Роб има линија луксузни чорапи, а наводно идејата ја добил откако сфатил дека на пазарот речиси и да нема „забавни и шарени чорапи за мажи“.
Постојано си го менува телефонскиот број
Додека неговите сестри копнеат по внимание, Роб е личност што толку многу си ја сака приватноста, па постојано си го менува телефонскиот број.
Самиот има изјавено дека некогаш го менува бројот и десетпати годишно и никогаш не ги чува контактите од старите броеви, освен оние од најблиските.
Проблеми со менталното здравје
Покрај дијабетесот, Роб имал и проблеми со менталното здравје, односно депресија. Во периодот кога значително ја накачи тежината, почна повеќе да се повлекува и изолира, а ова само ја влошило неговата состојба.
Наводно, семејството го терало да побара помош, но тој одбивал. Извесен период, на почетокот од врската со Блек, се чувствувал добро, но по целата драма неговата состојба повторно се влошила.
Обидувајќи се да се справи со лошата ситуација, Роб станал и зависен од храна, алкохол и таблети против болка.
Сега го дава најдоброто од себе за да биде најдобриот татко за ќерка му
Како што спомнавме, Роб има ќерка со Блек со која го дели старателството. Според извори блиски до неговото семејство, моментално тој работи на себе најмногу бидејќи сака да биде добар татко за неговата ќерка.
Иако одвреме-навреме уште имал депресивни епизоди и некогаш му било тешко да води активен живот, изворот тврди дека Роб не се откажува.
Спирова С. | Црнобело