Пејачот што „не старее“ – како Лени Кравиц на 57 години изгледа толку младолико? (фото)
- Детали
- сабота, 02 октомври 2021
Откако го издаде неговиот прв деби албум Let Love Rule во 1989 година, Лени Кравиц речиси воопшто не се има променето. Со секоја негова нова слика на Инстаграм, обожавателите се прашуваат – како е можно некој да изгледа вака на 57 години?
Пејачот го поминува најголемиот дел од времето на Бахамите, а неговиот двор го има претворено во простор за вежбање.
Кравиц е веган кој признава дека неговиот фрижидер потсетува на продавница за овошје и зеленчук, а меѓу намирниците може да се најдат многу брокули, целер, кељ, марула, пиперки, како и манго, лимони, авокадо…
Што се однесува до неговиот режим за убавина, пејачот користи само неколку работи. Лицето го мие со вода, а додека е на Бахамите пилинг прави со песок од океанот затоа што е фин како прашок.
Тој користи кокосово масло на телото, шеа масло и кокосов путер и додава дека сите производи се органски. Сапун од бадеми е исто така дел од неговата рутина и додава дека го користи за телото, косата, па дури и за облеката.
Неговата рутина изгледа прилично едноставно, а очигледно и делотворно. Кога на 57 години изгледаш вака, останува само да аплаудираме:
(O)Милена | Црнобело