Кејт Мидлтон доминира со кралска елеганција во гламурозна, златна тоалета на премиера на Џејмс Бонд (фото)
- Детали
- среда, 29 септември 2021
Кејт Мидлтон го „украде“ целото внимание на премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд – No Time to Die – со долгиот златен фустан достоен за кралица. Војвотката присуствуваше со сопругот принцот Вилијам, како и принцот Чарлс и Камила.
По одложување од речиси цела година, последното продолжение на филмскиот серијал за Џејмс Бонд конечно ја доживеа својата премиера во Ројал Алберт Хол.
Покрај многуте холивудски ѕвезди, на премиерата присуствуваше и принцот Вилијам, заедно со Кејт Мидлтон која го „украде“ целото внимание.
Војвотката се појави во долг златен фустан и златни чевли, а комбинацијата ја дополнила со впечатливи златни обетки. Принцот Вилијам, пак, носеше црно одело со бела кошула и машна.
Кралскиот пар се поздрави со ѕвездата на вечерта – Даниел Крег – а според присутните, актерот останал без зборови кога ја здогледал Кејт и ѝ рекол дека изгледа прекрасно.
И 52-годишниот актер одбрал интересна комбинација за премиерата – црни панталони, розово сако и бела кошула со црна машна.
Покрај Вилијам и Кејт, на настанот присуствуваа принцот Чарлс и неговата сопруга Камила.
No Time to Die е 25-тиот филм од серијалот за Џејмс Бонд, но и последното продолжение во кое се појавува Даниел Крег.
Премиерата на филмот најпрво беше закажана во ноември 2019 година, а потоа во април 2020-та, но поради пандемијата беше одложена за повеќе од една година.
Кејт и Вилијам на премиерата на No Time to Die:
Спирова С. | Црнобело