„Лажирав симптоми за да ми дадат седативи, бев зависна“ – Трагичната приказна на тинејџерската ѕвезда Аманда Бајнс
Кога станало јасно дека ситуацијата на Аманда не се подобрува, старателството било продолжено на седум години.
Веројатно ова ѝ помогнало на Аманда, бидејќи тој период таа се запиша на моден дизајн на универзитет во Калифорнија и изгледаше како среќата повторно да ѝ се насмевнува.
Но Аманда повторно почна да објавува бизарни твитови во кои напаѓаше познати личности и членови од нејзиниот семејство.
Најпрво актерката велеше дека некој ѝ го хакирал профилот, но по извесно време стана јасно дека ова не е точно и таа самата ги пишува објавите.
Овој период Аманда си истетовира срце на лицето, стави пирс на носот, ја офарба косата црна, па сега изгледа како потполно поразлична личност.
Во 2020 година актерката сподели дека се верила со нејзиното момче Пол Мајкл. Парот е заедно до денес, но немаат стапено во брак и многумина мислат дека легалното старателство не го дозволува тоа. Тогаш кружеа и гласини дека нејзините родители воопшто не го сакат вереникот.
Иако легалното старателство требаше да заврши околу 2020 година, изворите велат дека е продолжено до 2023-та, бидејќи Аманда до денес има сериозни проблеми со менталното здравје. Но сепак, најверојатно се ослободила од зависностите што е голем чекор напред.
Спирова С. | Црнобело