Кубанскиот заводник Вилијам Леви (41) со партнерката - најубав пар на Billboard наградите (фото)
- Детали
- петок, 24 септември 2021
Како пар од бајките на Дизни, Вилијам Леви блескаше на настанот Billboard Latin Music Awards покрај саканата со која е заедно од 2003 година и има две деца.
Вилијам Леви и Елизабет Гутиерез се еден од славните парови кои се многу приватни околу случувањата во нивниот однос, па дури и кога има гласини за стабилноста на нивната врска и за потенцијални неверства, тие не коментираат ништо.
Но, актерите се заедно од 2003 година, имаат две деца и очигледно се среќни заедно.
Тие изгледаа како пар од бајка на црвениот тепих на Латиноамериканските музички награди Billboard.
https://www.instagram.com/p/CUL7P5GIQv3/
Вилијам Леви беше и еден од водителите на настанот со прекрасната колешка Габи Еспино. За оваа пригода тој облече светкав црн костим.
https://www.instagram.com/p/CUMBF4doHdk/
https://www.instagram.com/p/CUMBntyIeUs/
На црвениот тепих позираше со неговата партнерка Елизабет, која се одлучи за романтично светло сина тоалета.
Прочитајте и Како партнерката му го честиташе роденденот на Вилијам Леви + нивните најубави семејни фотки
Парот блескаше со убавина и шарм:
С. С. | Црнобело