Прво заедничко појавување на Меган и Хари по скандалот со семејството – кралскиот пар се врати со стил (фото)
- Детали
- четврток, 23 септември 2021
Првпат откако почна целата драма со британското кралско семејство и Меган Маркл и Хари, парот конечно се појави во јавност, и тоа во Њујорк.
Кралскиот пар беше во посета на меморијалот направен во чест на нападите во САД на 11-ти септември во Њујорк.
И двајцата облечени во црно „од глава до пети“, Меган и Хари изгледаат среќно заедно додека со задоволство им мавтаат на папараците и луѓето околу нив.
За Меган ова е прва посета на Њујорк од 2019 година кога ја одржа раскошната забава по повод нејзината прва бременост.
Набрзо потоа Меган и Хари најавија дека се откажуваат од кралските должности и се повлекуваат од кралското семејство, па се преселија во САД.
Тие заедно се појавија во шоуто на Опра, но ова е нивно прво заедничко појавување на настан по скандалот со семејството.
Меган и Хари во Њујорк:
Спирова С. | Црнобело