„Татко ми ми се заканува дека ќе ми ги земе децата“ – Разговори помеѓу Бритни и адвокатот откриени во нов документарец

Наскоро ќе биде објавен уште еден документарец за Бритни Спирс и судската битка со нејзиниот татко, а овојпат ќе имаме можност да слушнеме и телефонски разговори помеѓу Бритни и нејзините адвокати кои откриваат дека пејачката се плашела дека ќе ѝ забранат да си ги гледа децата.

me-ucenuvaat-so-moite-deca-nov-dokumentarec-za-legalnoto-staratelstvo-na-britni-spirs-otkriva-razgovori-pomegju-nea-i-advokatite-video-01.jpg

По Framing Britney Spears, наскоро ќе имаме можност да погледнеме уште еден документарец за трауматичното минато на Бритни Спирс, овојпат во продукција на Нетфликс.

Документарецот насловен Britney vs. Spears премиерно ќе биде прикажан на платформата Нетфликс на 28 септември, односно само еден пред сослушувањето со кое ќе се одлучи дали нејзиниот татко ќе биде тргнат од позицијата легален старател.

me-ucenuvaat-so-moite-deca-nov-dokumentarec-za-legalnoto-staratelstvo-na-britni-spirs-otkriva-razgovori-pomegju-nea-i-advokatite-video-07.JPG

За разлика од претходниот документарец, Britney vs. Spears повеќе ќе се фокусира на борбата на Бритни против нејзиниот татко, а наводно во него нема да бидат прикажани фотографии за кои пејачката има изјавено дека се потресни.

Односно, нема да гледаме снимки и фотографии од моментот кога Бритни си ја избричи главата и други стресни мигови од нејзиниот живот.

„Самата одлучив дека нема да споделуваме фотографии за кои пејачката има изјавено дека се трауматични. Инцидентите што се случија во 2007 за време на нејзиниот престој во болница – никогаш нема да ги видите тие снимки и фотографии“, сподели режисерката на документарецот Ерин Ли Кар.

me-ucenuvaat-so-moite-deca-nov-dokumentarec-za-legalnoto-staratelstvo-na-britni-spirs-otkriva-razgovori-pomegju-nea-i-advokatite-video-04.JPG

Иако Бритни нема да дава интервју за документарецот, ќе имаме можност да слушнеме телефонски разговори помеѓу Бритни и нејзините адвокати кои откриваат многу за нејзината положба.

Од Нетфликс споделија краток инсерт од документарецот, односно снимка од телефонски разговор помеѓу Бритни и нејзиниот адвокат.

Снимката е всушност говорна порака што Бритни му ја оставила на адвокатот.

Снимката протече во јавност уште пред неколку години, благодарение на поранешниот менаџер на пејачката - Сем Луфти - кој најотоврено ја поддржува пејачката и се обидува да ја обелодени вистината за нејзиното страдање.

me-ucenuvaat-so-moite-deca-nov-dokumentarec-za-legalnoto-staratelstvo-na-britni-spirs-otkriva-razgovori-pomegju-nea-i-advokatite-video-02.JPG

me-ucenuvaat-so-moite-deca-nov-dokumentarec-za-legalnoto-staratelstvo-na-britni-spirs-otkriva-razgovori-pomegju-nea-i-advokatite-video-03.JPG

Во снимката од 2009 година, Бритни вели дека се јавува за процесот за елиминирање на старателството:

„Татко ми ми се закани неколкупати дека, знаете, ќе ми ги одземе децата. Само сакам да се осигурам дека сè ќе биде во ред со процесот и дека вие ќе се погрижите за сè, дека нештата ќе останат исти кога станува збор за моето старателство над децата“.

Менаџерот на Бритни има споделено неколку вакви снимки кои наводно ќе ги видиме во документарецот, заедно и со други снимки и пораки кои досега не се споделени во јавноста, како и фотки од пејачката за кои вели дека се направени од него.

me-ucenuvaat-so-moite-deca-nov-dokumentarec-za-legalnoto-staratelstvo-na-britni-spirs-otkriva-razgovori-pomegju-nea-i-advokatite-video-06.JPG

Во друга снимка споделена од поранешниот менаџер можеме да слушнеме уште еден разговор од 2009 година, во кој Бритни вели: 

„Само сакам да знаеш дека сакам излез од ова старателство. Ме уценуваа со забрана за посета на моите дечиња со старателството. Заробена сум, ми ги одземаа моите човечки права. И барам државата Калифорнија да го разгледа овој случај бидејќи ми се чини дека ова е нелегално“.

Во описот на објавата, менаџерот нагласува дека и 13 години од овој разговор, ништо не се променило и сите судии ги игнорирале ваквите повици на Бритни.

me-ucenuvaat-so-moite-deca-nov-dokumentarec-za-legalnoto-staratelstvo-na-britni-spirs-otkriva-razgovori-pomegju-nea-i-advokatite-video-8.JPG

Во трејлерот, пак, можеме да ја слушнеме Бритни како вели:

„Работам цел мој живот. Не им должам ништо на овие луѓе“.

me-ucenuvaat-so-moite-deca-nov-dokumentarec-za-legalnoto-staratelstvo-na-britni-spirs-otkriva-razgovori-pomegju-nea-i-advokatite-video-05.JPG

Во продолжение трејлерот за новиот документарец:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Први фотки од таткото на Бритни откако му ја ампутираа ногата – Пејачката не сака да му прости (фото... Вчера (12.12) таткото на Бритни Спирс првпат се појави во јавност откако му беше...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
„Сигурно Џесика се срами што ти е сопруга“: Џастин Тимберлејк мета на критики откако се дозна дека ј... „Навистина е лудо како луѓето можат да повредат некого и да продолжат со животот...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg