„Убавината е наследна“ - Кејт Мос e горда мајка во прв ред на ревија на ќерка ѝ
- Детали
- среда, 22 септември 2021
Кејт Мос е модна икона веќе години наназад, а нејзината 18-годишна ќерка очигледно ќе ѝ биде достојна наследничка.
Кејт Мос (46) беше горда мајка на ревијата на Richard Quinn кога нејзината ќерка Лила чекореше по модната писта на Модната недела во Лондон.
Лила е 18-годишна убавица, која е манакенски тип, исто како и мајка ѝ.
Кејт за оваа пригода имаше кежуал стајлинг со кадифено палто. Со восхит во очите Кејт ја гледаше својата наследничка од првиот ред.
Лила е ќерка на Кејт и Џеферсон Хек, со кого Кејт беше во врска од 2001 до 2004 година. И покрај разделбата, двајцата родители се присутни во животот на Лила уште од детството.
Кејт е британска, но и светска модна икона, а изгледа и Лила е на на добар пат да успее во тоа.
Кејт го имаше дебито на модните писти на иста возраст како ќерка ѝ во 1992 година.
https://www.instagram.com/p/BL7bmBXB7Ye/
Фотки од ќерката на Кејт Мос:
https://www.instagram.com/p/CT7gZ5rNUhi/
https://www.instagram.com/p/CREt11-NctD/
https://www.instagram.com/p/CN-LmnGgDEh/
https://www.instagram.com/p/CMr5ZNGAQ2z/
https://www.instagram.com/p/B2J6mEpAAdt/
С. С. | Црнобело