Камила Кабејо гордо ги покажа облините и целулитот во Мајами со танга бикини (фото)
- Детали
- вторник, 21 септември 2021
Со жолти танга бикини што ги нагласуваат нејзините облини, Камила Кабејо ужива во сончевите денови во Мајами, само неколку денови по обврските за Мет галата и MTV VMA. Пејачката, која периодов често е критикувана за изгледот, уште еднаш покажа дека не ѝ е грижа што мислат другите за неа.
По Мет галата и настапот на VMA, Камила Кабејо е на заслужен одмор во Мајами. Младата пејачка уживаше во сончевиот ден, со жолти бикини што ги нагласуваат нејзините облини.
24-годишната пејачка, која периодов неретко е критикувана за изгледот, гордо ги покажа облините и целулитот, докажувајќи им на сите дека изгледа одлично и во најприродно издание, без грам шминка и Фотошоп.
Освен Мет галата и MTV VMA, Камила се држи понастрана од јавноста откако почна пандемијата. Поголемиот дел од времето го минува со момчето Шон Мендез, а самата откри дека сега најмногу се фокусира на нејзиното ментално здравје.
„Едно од најголемите нешта што ги научив за пандемијата е важноста на одморот. Претходно буквално немав избор да забавам, не знаев што е тоа рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Чувствував вина кога имав слободни денови бидејќи не бев продуктивна.
Истовремено, пред да почне карантинот бев прегорена и мислев дека повеќе не можам да продолжам со кариерата“, напиша пејачката на Инстаграм.
Камила вели дека сега, откако почналa да води подобра грижа за себе, се чувствува подобро од кога било.
Пејачката изјави и дека повеќе не е преоптоварена со изгледот, откако се најде на мета на критики поради папарацо фотки на кои ѝ се гледа стомачето.
На „хејтерите“, Камила само им нагласи дека таа е обична жена која не го собира стомакот постојано и само се обидува да води подобра грижа за себе.
Прочитајте повеќе: „Ние сме жени со облини и целулит“ – како Камила Кабејо ги замолчи сите кои ја критикуваа за опуштеното стомаче? (видео)
Камила Кабејо во Мајами:
Спирова С. | Црнобело