Преживеала 16 операции – Тешката животна приказна на младата ѕвезда од Modern Family

Американската актерка Сара Хејланд се прослави со улогата на Хејли Данфи во серијата Modern Family, а гледачите низ светот ја обожаваат поради нејзината „просечна интелигенција“ прикажана на хумористичен начин.

preziveala-16-operacii-teskata-zivotna-prikazna-na-mladata-dzvezda-od-modern-family-01.jpg

Во приватниот живот, Сара е потполно поинаква, а сигурно може да ја вброиме и помеѓу похрабрите.

Актерката од своето раѓање се бори со дијагноза наречена дисплазија на бубрезите, што значи дека бубрезите не ѝ се доволно развиени, за да ја извршуваат својата функција.

Во 2012-та година нејзиниот татко ѝ го донирал сопствениот бубрег.

Сара во повеќе интервјуа открива дека периодот по трансплантацијата бил еден од најтешките. Иако работите се чинеле дека одат на подобро, неколку години подоцна нејзиното тело го одбило бубрегот, па морала да се врати под нож.

preziveala-16-operacii-teskata-zivotna-prikazna-na-mladata-dzvezda-od-modern-family-02.jpg

По 6 месеци докторите откриле дека и нејзиниот брат Иан е соодветен донор, па овојпат тој ѝ го дал својот бубрег.

Оваа трансплантација ја поминала многу полесно, како и опоравувањето, но неколку месеци подоцна се вратила во болница со друга причина.

Дијагностицирана ѝ била ендометриоза на матката и јајниците, па повторно итно се оперирала.

preziveala-16-operacii-teskata-zivotna-prikazna-na-mladata-dzvezda-od-modern-family-03.jpg

Во своите 30 години, Сара имала дури 16 операции, а повеќе од 10 ѝ биле направени додека го снимала најголемиот проект во животот – серијата која ја прослави.

preziveala-16-operacii-teskata-zivotna-prikazna-na-mladata-dzvezda-od-modern-family-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg